1.9 C
Ohrid
петок, јануари 24, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски: На рускиот амбасадор му кажав дека ја поддржувам Украина

Мицкоски: На рускиот амбасадор му кажав дека ја поддржувам Украина

spot_img

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека пред трио недели на средбата со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин му рекол дека го поддржува интегритетот и суверенитетот на Украина.
– Ме прашуваат за став за руската агресија врз Украина, а партиските глодари на СДСМ и ДУИ дополнително ќе речат сум немал став додека ја чекаат коската која треба да ја добијат од стопанот со крадени народни пари. Јас мојот став го кажав јасно и во лице пред дваесет дена на состанок со амбасадорот на Руската федерација во Македонија: “територијалниот интегритет на Украина како и на секоја суверена земја е константа и мора да се почитува, а сите различни ставови во поглед на актуелните прашања да се решат по дипломатски пат”, напиша лидерот на најголемата опозициска партија на Фејсбук
Тој додаде дека она што може Македонија единствено да направи во оваа ситуација е да обезбеди што е можно помали последици по сопствената економија.

<

Жалам што не можам да сторам повеќе, а се би дал да можам да спречам страдање на цивилите и невини човечки жртви. Но она што исто е важно за мене како човек и Македонец, како Македонија ќе се справи со актуелните предизвици на економски и енергетски план, какви се резервите со кои Македонија располага во услови на криза која надоаѓа, ќе продолжи ли криминалот и корупцијата како и распродавањето на националните интереси…
Работата на политичарите е да воспостават мир, да градат пријателства и да се даде шанса на дипломатијата.

Да се сочува меѓународното право и принципи, да се сопре агресијата и да се почитува територијалниот интегритет на секоја независна и суверена држава, додава Мицкоски.
Извор: Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуш-пауза: Катица Јанева сликана пред адвокатска канцеларија

Случаен минувач кој и ја испрати фотографијата на редакцијата на Курир ја овековечи Катица Јанева пред канцеларијата на нејзиниот син. Поранешната специјална обвинителка е...

Денеска четири судења против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Во Основниот суд во Струга почна првото од закажаните за денеска четири судења против градоначалникот Рамиз Мерко – за плочата на општинската зграда, две...

Во Хрватска продавниците празни: Бојкот поради високите цени !!!

Во Хрватска за денеска е најавен бојкот на продавници, малопродажни синџири и бензински пумпи поради постојаното поскапување, врз основа на иницијатива која започна од...

100 дена отчет за работењето на ЈПКД-ДЕБРЦА- 03.09.2024 – 31.12.2024

100 ДЕНА ОТЧЕТ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЈПКД-ДЕБРЦА 03.09.2024 - 31.12.2024 Во период од 100 дена по превземањето на Јавното Претпријатие за комунална дејност Дебрца на...