20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаСветСловенија одлучи: Се затвора воздушниот простор за руските авиони

Словенија одлучи: Се затвора воздушниот простор за руските авиони

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Словенија денеска одлучи да го затвори словенечкиот воздушен простор за руските авиони поради инвазијата на земјата во Украина и одобри 100.000 евра на Меѓународниот комитет на Црвениот крст за хуманитарна помош за Украина, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи.

<

„Словенечката влада донесе одлука со која се забранува користење на словенечкиот воздушен простор за авиони регистрирани во Русија или во сопственост на руски оператори, а одлуката стапува на сила веднаш и ќе важи ‘додека постојат причини за тоа’“, се наведува во владиното соопштение.

Контролорите на летови добија инструкции да одбијат да дадат дозвола за влез во воздушниот простор на такви руски авиони чии пилоти тоа би го побарале, објавија словенечките медиуми.

Со одобрени 100.000 евра, Словенија во последните денови испрати материјална хуманитарна помош преку европскиот механизам во вредност од 163 илјади евра.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша за 18 часот свика седница на Советот за национална безбедност на која се поканети и претседателите на опозициските партии.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...