27.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаСветРусија возвраќа: Бугарија, Полска и Чешка имаат забрана да летаат над нејзина...

Русија возвраќа: Бугарија, Полска и Чешка имаат забрана да летаат над нејзина територија !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Русија им забрани на авиокомпаниите од Бугарија, Полска и Чешка да летаат над нејзина територија како одговор на „непријателските потези на тие земји“, соопшти Росавијација.

<

Оваа одлука е веќе стапена во сила и се однесува на сите авиокомпании од тие земји или се регистрирани во нив.
„Оваа одлука е донесена во согласност со нормите на меѓународното право како одговор на забраната за летови на нашите авиони“, се додава во соопштението.
Росавиација“ наведува и дека летовите од тие земји над територијата на Русија во иднина може да се вршат исклучиво со дозвола на руската агенција за контрола на летови или Министерството за надворешни работи.

Да потсетиме, Полска од полноќ го затвори воздушниот простор за руските авиокомпании, а по таа земја истото го направија и Чешка и Бугарија.

Во меѓувреме, Латвија и Естонија најавија дека наскоро планираат да го затворат воздушниот простор за авионите на руските авиокомпании.

„Ве уверувам дека воздушниот простор за руските авиони ќе биде затворен“, најави министерот за правда на Латвија, Јанид Борданс.

Според министерот за економија и инфраструктура на Естонија, Тави Ас, Талин се приклучува на иницијативата на Полска и има намера да им забрани на сите руски авиокомпании да го користат естонскиот воздушен простор.
Инфомакс

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...