14.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Рускиот амбасадор го гледав директно во очи и му кажав дека...

Мицкоски: Рускиот амбасадор го гледав директно во очи и му кажав дека ја поддржувам Украина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонија треба обединетост како нација бидејќи Македонија е земја создадена од жарот за слобода и правдини и затоа е поддршката за Украина, во Собранието треба да се донесе декларација за мир во Украина и заштита на нејзиниот интегритет, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

<

„Македонија е земја создадена од жарот за слобода и правдини и затоа е поддршката за Украина, а во Собранието треба да се донесе декларација за мир во Украина и заштита на нејзиниот интегритет, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот настан во Велес насловен „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.

– Сите ние имаме одговорност пред самите граѓани, и затоа жалам навистина жалам, што не можам повеќе да сторам за да го спречам тоа што таму се случува. Кога би можел сѐ би дал да ги убедам тие политичари кои денеска одлучуваат дали некои човечки животи ќе траат подолго, а некои пократко. Жалам што не сум толку моќен во геостратешка смисла да тоа го направам, но едно знам дека мора да им се даде шанса на мирот и дипломатијата, и дипломатските преговори и разговори. Бидејќи тоа е иднината за сите нас – рече Мицкоски.

Јас имав состанок со амбасадорот на Руската Федерација во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, уште пред 20 дена и гледајќи го во очи јасно му кажав дека го поддржувам територијалниот интегритет и суверенитет на секоја независна држава како што е Украина“, нагласи Мицкоски.
.

Мицкоски исто така нагласи дека покрај Декларацијата за Украина мора да се донесе и Декларација за великанот Гоце Делчев, којашто упорно од СДСМ одбиваат да ја поддржат.

– Тоа е нешто кое што во името на сите наши борби и стремежи го должиме како симболичен гест и искрена желба како народ со своја историја на слобода и борба за правда – изјави Мицкоски.

ПлусИнфо

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...