15.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаУчениците Албанци во Македонија се чуствуваат дискриминирани- Материјалите за натпревар по математика...

Учениците Албанци во Македонија се чуствуваат дискриминирани- Материјалите за натпревар по математика биле само на Македонски јазик. (Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вљора Адеми е мајката на Дијар, учесник на натпревари по математика за основните училишта. Таа изразува загриженост, бидејќи интересот на нејзиниот син и многу други деца може да „згасне“ поради тоа што материјалите се само на македонски јазик. Вљора вели дека 50% од времето за вежбање, децата го трошат преведувајќи.

<

„Ова искуство за Дијар беше убаво бидејќи има пасија за математиката. Беше супер предизвик и од психолошки аспект. Наидовме на потешкотии бидејќи сите материјали за жал и морам да кажам со жалење, се и беа на македонски јазик, вклучувајќи ги и огласите за натпреварот, сите билтени, весници со илјадници задачи за вежбање. За жал 50% од потрошеното време овие три месеци се занимававме со лингвистика и адаптирање на материјалот“, посочи Вљора Адеми.

Адеми додава дека натпреварот се организира без оглед на етничката, расната или верската припадност, па токму поради тоа апелира до Министерството за образование да преземе мерки, бидејќи, како што вели, ова е во интерес на сите. Уверува дека има поддршка од многу родители. Адеми смета дека бројот на учесници Албанци не е мал, но перипетиите низ кои поминуваат децата поради пропустите на системот, можат да ги демотивираат.

„Има многу родители кои ме поддржуваат во оваа реакција и кои исто така ми ги раскажаа нивните слични приказни. Јас дојдов до заклучок дека Албанците се целосно занемарени во областа на науката. Спроведувањето на двојазичноста во овој случај ми се чини недоволно и бледо. Ваквиот натпреварувачки пристап каде не се опфатени сите деца кои говорат албански, како да има намера да не ги вклучува и да ги демотивира“, додаде Вљора Адеми.

Натпреварите се организираат од Сојузот на математичари на Македонија, поддржан од МОН. Членот и професор по математика, Емин Дурмиши, потврди дека материјалите се издаваат само на македонски јазик. Како што објаснува, тој веќе побарал да се печатат и на албански, но поради недоволната заинтересираност, барањето било одбиено.

„Со оглед на тоа дека последниве години е забележан поголем интерес од страна на основните училишта на албански јазик за учество на натпревари по математика кои ги организира Сојузот на математичари на Македонија, и по реакциите во јавноста, ве уверуваме дека од следната година ќе биде обезбеден превод и на албански за подготвителните задачи за натпревари и ќе биде разгледана можноста за целосно издавање на списанијата и на албански јазик“, додаде Емин Дурмиши.

<iframe width=”602″ height=”339″ src=”https://www.youtube.com/embed/cejH45X1CEc” title=”YouTube video player” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; clipboard-write; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...