27.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаСветВучиќ: Додека сум претседател, Србија нема да се приклучи на санкциите кон...

Вучиќ: Додека сум претседател, Србија нема да се приклучи на санкциите кон Русија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија ќе се приклучи на сите одлуки на Генералното собрание на ОН за нарушување на територијалниот интегритет на Украина во конфликтот со Русија, но дека ќе ги отфрли сите оние кои се однесуваат на санкциите против Русија, јави дописникот на МИА од Белград.

<

Вчера имавме девет гласања. Во осум не се придруживме, на едно гласање се приклучивме. Денес имаме едно каде што ќе се приклучиме, па така секој ден, само информирајте ме на крајот за тие бројки. За сè она што се однесува на рушење и кршење на територијалниот интегритет, Србија се приклучува, за она каде што се во прашање санкциите, Србија нема да се приклучи, барем додека можеме да издржиме и ова уште малку, уште неколку дена додека сум де факто претседател на Републиката. Е сега, откако ќе изберете (на изборите) некој друг, тоа е друга приказна, изјави Вучиќ.

На прашањето за притисоците со кои се соочува Србија, тој одговори дека тие се огромни.

До доцна синоќа имав разговори со претставници на повеќе земји, а и денеска е така цел ден. Само толку за големото почитување на независноста и правото на другите земји да одлучуваат, кажа Вучиќ.

На прашањето како ги коментира барањата на поединци Србија, како и ЕУ, да ги забрани руските канали Спутник и Раша Тудеј, Вучиќ кажа дека „некои во Србија сакаат да ги забранат сите медиуми што поинаку зборуваат“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави и дека Хрватска има право да ја подигне борбената готовност на своите вооружени сили и додаде дека „на Србија не и паѓа на памет да прави такви работи.
Тв: Нова

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...