22.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаСветРусија три дена пред нападот во Украина ја купила најголемата рафинерија во...

Русија три дена пред нападот во Украина ја купила најголемата рафинерија во Германија?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На рускиот државен нафтен концерн Росњефт, три дена пред нападот на Украина, му е дозволено преземање голем пакет акции на германската рафинерија ПЦК.

<

Како што јавува Дојче веле на хрватски јазик, тоа го дозволил германскиот Кабинет за картели.

Рафинеријата ПЦК, која се наоѓа во Швет во Бранденбург, е меѓу најголемите во Германија. Таа ги снабдува со бензин, дизел и масло за домаќинство речиси цел Берлин и Бранденбург и покрива вкупно околу 10 отсто од германскиот пазар. Во неа главно се преработува руска нафта. До крајот на минатата година најголеми сопственици на рафинеријата со по 37,5 отсто удел биле британско-холандскиот концерн Шел и руски Росњефт. Остатокот бил поделен на помали акционери.

Кога Шел на почетокот на оваа година ги понудил акциите на продажба, Росњефт, во кој поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е претседател на надзорниот одбор, го искористил правото на прво откупување. Бидејќи рускиот концерн уште претходно откупил поголем дел од акциите на помалите акционери, со тоа би станал речиси исклучив сопственик на рафинеријата со 91,67 отсто учество. Поради обемот на зделката, меѓутоа, претходно било потребно одобрување од Кабинетот за картели.

Дозволата била издадена на 21 февруари. Според портпаролот на Кабинетот, одобрувањето е дадено само три дена пред руските трупи да ја нападнат Украина бидејќи немало приговори во врска со купувањето на акциите, а Кабинетот за картели работи независно од политиката, па и независно од геополитиката.

Кабинетот со седиште во Бон има статус на сојузна служба, но фактички е еден од контролните органи на власта, па многу пази на својата самостојност во одлучувањето.

Меѓутоа, за германската влада таа одлука не можеше да дојде во понезгодно време: во тој момент веќе се подготвуваа санкции против Русија, а сега, откако Русија ја нападна Украина, таа одлука е повеќе од апсурдна.

За тоа, нормално, е свесен и германскиот министер за економија Роберт Хабек од партијата Зелени, па објави дека министерството ќе отвори постапка за проверка на вложувањата. Тука станува збор за законски дозволено проценување на министерството за економија за тоа дали е веројатно дека странско вложување би можело да има негативен ефект врз јавниот ред или безбедноста во Германија.

Таквите проверки не се чести, но ги има. По правило се однесуваат на обиди на странски фирми да ја преземат сопственоста над германски компании кои од кои било причини се сметаат за стратегиски важни. Последниот таков случај е неодамнешниот обид за преземање на Силтроник од тајвански инвеститори. Силтроник е технолошка компанија која произведува силициумски плочки кои се основа за понатамошно производство на микрочипови. Таа зделка пропадна бидејќи министерството за економија го држело предметот „во фиока“ додека не минал рокот за издавање потврда дека нема забелешки.

Инаку Росњефт и во други земји се наоѓа под притисок. Така на пример британската компанија БП, која досега имаше во сопственост 20 отсто од акциите на Росњефт, изјави дека ќе ги продаде. Објаснувањето е руската инвазија на Украина и маките на украинскиот народ. Концернот смета дека поради тој потег ќе мора на крајот на првиот квартал да отпише околу 25 милијарди долари. Росњефт оваа одлука жестоко ја критикуваше тврдејќи дека е резултат на „неверојатен политички притисок“ на кој бил изложен БП. И британските медиуми известија дека потегот на БП следел по притисок од владата.
За повеќе детали,Тука- Мкд.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сопственик на локал во Виница физички нападнал полициски службеници додека вршеле контрола !!!

Нападнати полицајци при контрола во локал со малолетници и алкохол. Нападнати полицајци при контрола во Виница во објект кај Градскиот базен. 34-годишен угостител прво вербално,...

Слаба посетеност на Мечкин Камен за Илинден

Годинава, настанот помина со мала посетеност од граѓани, а меѓу малубројните присутни, речиси и да не се забележуваше државното знаме. Наместо тоа, се вееја...

Раста уапсен синоќа во Охрид на концертот на Jason Derulo

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста бил уапсен синоќа, 2-ри август, во Охрид. Тој требаше да настапи пред познатата светска ѕвезда Jason Derulo. Неофицијално, тој отишол...

Полицајците во Македонија ќе возат „Пежо 408- МВР купува 120 автомобили

Министерството за внатрешни работи избрало најповолна понуда за набавката на 120 возила за потребите на полицијата, објави порталот 360 степени.. Известувањето е објавено на интернет-страницата...