7.9 C
Ohrid
петок, декември 27, 2024
ПочетнаСветЗахарова: Светот молчеше за убиените 13.000 цивили во Донбас

Захарова: Светот молчеше за убиените 13.000 цивили во Донбас

spot_img

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова силно ја критикуваше одлуката на Владата на Германија за одлуката за испорачување на смртоносно оружје за Украина. Од руското МНР сметаат дека ова оружје може да заврши во рацете на неонацистите.

„Со оваа одлука, Сојузна Република Германија ги повикува аветите не на ‘студена’, туку на ‘жешка’ војна. Берлин, очигледно, не сфаќа дека во сегашната ситуација со испорачаното оружје на украинската територија лесно може да падне во рацете на неонацистите, терористите и ограбувачите.“

Снабдувањето со оружје на идеолошките наследници на нацистичкиот соучесник Степан Бандера нас нè приморува, сакале или не, да си поставиме реторичко прашање – Колку сеопфатен и целосен беше процесот на денацификација на самата Германија по поразот во Втората светска војна?”

Захарова упати критика и кон државите од Западот, нагласувајќи дека тие продолжуваат со селективен однос кон конфликтот, и потсети дека во овој конфликт кој трае веќе 8 години, никој не ги осуди убиствата на Русите во Украина.

„Каде беа сите земји и нивната јавност 8 години кога траеше војната? На каков начин јавно го осудија убиството на најмалку 13 илјади луѓе во текот на овие години во Донбас?

Русија не ја започна оваа војна, таа ја завршува. Русија сите овие години јавно ја повикуваше светската заедница да стави крај и да реагира на систематското планско уништување на населението во Донбас, но тоа беше отфрлено и игнорирано.

Се работи за милиони луѓе, кои секојдневно ги губат своите најблиски кои живеат во подруми, криејќи се од константното гранатирање.

Ниту еден од оние што сега реагираат со ‘врескање’, никогаш не излегол на ниту еден митинг со јавен апел да запре ова крвопролевање и поддршка на луѓето, кои живеат на просторите на Доњецк и Луганск. Светот молчеше.“

Портпаролката зборуваше и за тоа дека државите, пред се оние од НАТО пактот го помогнаа пучот во Украина 2014 година и го охрабрија режимот на Киев.

„Молкот од страна на светската заедница и нивното игнорирање на крвавата катастрофа, која беше резултат на анти-уставниот пуч во Украина што се случи во 2014 година, беше извршен со директно инволвирање и помош на САД, ЕУ, Германија, Полска, Литванија, Естонија, Латвија и другите земји на НАТО. Со ова, само го охрабрија режимот во Киев да продолжи со уништување на сопственото население.”

Захарова се осврна и за реториката на НАТО и Европската Унија и смета дека оваа катастрофа е токму поради нивното премолчување и оправдување на дејствијата на Украина.

„Експериментите на НАТО и тишината во западната јавност се причините за хуманитарната и политичката катастрофа во Европа. Ова мораше да заврши, но Западот одби да води какви било преговори и напротив, ги поздрави изјавите и директните агресивни закани на киевските марионети против Русија.

Европската унија ќе води тотална економска и финансиска војна против Русија, изјави првиот човек на француското Министерство за финансии. Ние веќе бевме свесни за ова. Уште пред создавањето на Европската унија. Пред 80 години.” – заклучи Захарова во својата изјава.

Антрипол.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кикбоксерот Бобанчо Илиоски избран за најдобар спортист на Македонија

Ја имам честа и оваа година да бидам избран за најдобар спортист на Македонија и да добијам признание од премиерот Христијан Мицковски. Убаво е...

Вмро Дпмне О.К Струга организира хуманитарна акција.

Почитувани стружани, да се придружиме на хуманитарната акција на ВМРО-ДПМНЕ, со која ќе придонесеме секое семејство во радост да ја дочека Новата година. 28.12.2024 година,...

Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница

Паднаа цените на производите кои не се дел од Новогодишната кошница, а чии цени драстично беа качени од трговците во изминатата недела. Самите маркети...

Градоначалникот Пецаков ги израдува дечињата со новогодишни пакетчиња.

Во духот на дарувањето и со цел да споделиме празнична радост и внимание, денеска поделивме новогодишни пакетчиња на најмладите. Ги посетивме Инклузивната игротека „Радост“; здружението...