29.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаЗабаваСинот на Митко Јанчев за 18-тиот роденден доби поклон вреден од 100.000...

Синот на Митко Јанчев за 18-тиот роденден доби поклон вреден од 100.000 евра.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Најголема радост за еден родител е да биде сведок на безгрижното детство на своите деца, палавото тинејџерство а потоа и влегувањето во светот на возрасните. Денес е голем ден за семејството Јанчеви. Првородениот син Никола денес слави полнолетство.

<

Гордост е да му го покажеш вистинскиот пат на своите деца , гордост е да гледаш како неуморно сакаат да учат од родителите.

Среќен 18 ти роденден Никола напиша на социјалните мрежи градоначалникот.

Митко Јанчев е роден на 01.11.1981 година. Сопруг на Веселка и татко на три деца: Никола, Стојанче и Мила.

Тој е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот „Гоце Делчев” Штип, а магистерските студии на истиот ги завршува на отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија.

Јанчев е сопственик и управител на ДПТУ „Кожувчанка“ од Кавадарци, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија. Функцијата управител ја презел во 2004 година – на 23 годишна возраст, по ненадејната смрт на неговиот татко кој бил основач на компанијата. Во своето 13 годишно раководење со компанијата воведува нови современи стандарди во развојот на фирмата, а компанијата го привлекла светски познатиот бренд „Синалко“ од Германија.

Митко Јанчев исто така е член на управниот одбор на Стопанската комора на Република Македонија, како и претседател на Регионалната Стопанска комора- Кавадарци.

Јанчев ја основал и противпожарната служба во градот Кавадарци., Донирал во образованието, а еден од поголемите проекти е донација за реконструкција на ОУ „Димката Ангелов -Габерот“ во Кавадарци.

Тој е поддржувач на голем број спортски настани и клубови. Дава особен придонес низ спортот во Кавадрци преку 10 годишната финансиска поддршка на КК „Фени Индустри“, Џудо клубот „ Кожувчанка“, низата фудбалски клубови во Кавадарци, ГРК Тиквеш и други.

Јанчев исто така бил претседател на иницијативниот одбор за изградба на соборната црква „Света Петка” во Кавадарци и е еден од донаторите.

Но многумина на социјалните мрежи беа љубопитни што доби Никола за 18-тиот роденден од својот татко?!

Па така да не требаше многу да се дознае и да се сокрие  овој скап поклон, кој вреди повеќе од 100.000 евра во зависност од опремата што ја поседува, а се работи за најновото возило на BMW X6

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...