23.9 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаМакедонијаКoвачевски: Во многу краток период успеавме да ја качиме минималната плата, а...

Кoвачевски: Во многу краток период успеавме да ја качиме минималната плата, а пензиите да ги зголемиме рекордно во историјата на Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Граѓаните од нас очекуваат ефикасност и затоа она што го ветуваме и го исполнуваме, порача на својот фејбук-профил претседателот на Владата Димитар Ковачевски.

<

Премиерот потенцираше дека во многу краток период, во време на продлабочена криза, Владата успеала да договори рекордно зголемување на пензиите во историјата на Македонија. Дополнително. како што наведе тој, Владата обезбеди директна финансиска помош од 1.000 денари за секој пензионер за наредните три месеци, а со овие мерки, пензионерите во просек ќе имаат скоро 200 евра плус во домашниот буџет за 2022 година.

– Минималната плата од 18.000 денари е реалност. Но уште поважно е што таа континуирано ќе расте без потреба од дополнителни интервенции. Сега, со две минимални плати може да се покрие синдикалната кошничка, што не беше случај пред само пет години, кога беа потребни повеќе од четири минимални плати за истата да се покрие. Во година полна со предизвици и продлабочена економска криза, преку правилна стратегија ги насочивме сите ресурси и енергија кон економска поддршка за граѓаните и стопанството. Така ќе продолжиме и понатаму, напиша премиерот Ковачевски.Премиерот потенцираше дека грижата за животниот стандард на граѓаните, особено за оние најранливите, е еден од врвните приоритети за оваа Влада.

– Затоа, фокусот е на системски решенија преку кои континуирано се подобрува квалитетот на живот, додаде Ковачевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...