13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаСветРусија се закани со затворање на гасоводот кон Европа !!

Русија се закани со затворање на гасоводот кон Европа !!

Стравувањата од енергетска војна меѓу Русија и Западот се зголемија денеска откако САД притискаат свои сојузници да забранат увоз на руска нафта како казна за инвазијата на Москва врз Украина, каде што денеска се очекува да профункционираат хуманитарни коридори.

Русија предупреди дека може да го запре протокот на гас преку гасповод од Русија до Германија како одговор на одлуката на Берлин минатиот месец да го запре отворањето на контроверзниот нов гасовод Северен поток 2.

Русија испорачува 40 отсто од европскиот гас.

-Имаме целосно право да донесеме соодветна одлука и да воведеме ембарго за транспорт на гас преку гасоводот Северен поток 1, изјави синоќа рускиот вицепремиер Александар Новак.

Новак, исто така, предупреди дека цената на нафтата може да биде до 300 долари за барел доколку САД и нивните сојузници го забранат увозот на руска нафта, клучен извор на приходи откако земјата беше ефективно замрзната од западните финансиски пазари.

Сепак, аналитичарите на Банката на Америка тврдат дека ако поголемиот дел од извозот на нафта на Русија биде прекинат, би можело да има недостиг од 5 милиони барели дневно или повеќе, што ќе ги зголеми цените и до 200 долари.

Цените на нафтата вчера забележаа близу највисоките нивоа во последните 14 години, при што фјучерсите на суровата нафта брент пораснаа за 1,06 долари или 0,9 отсто, на 124,27 долари за барел откако се тргуваше до 125,19 долари.

Американскиот претседател Џо Бајден одржа видео-конференција со лидерите на Франција, Германија и Велика Британија вчера кога се заложи за нивна поддршка за забрана на увозот на руска нафта.

Според западни медиум кои се повикуваат на извори, САД ако е потребно ќе ја спроведат таа мерка без сојузници во Европа, иако многу земји на континентот во голема мера зависат од руската енергија.

Руската инвазија, најголемиот напад врз европска држава од Втората светска војна, создаде 1,7 милиони бегалци, низа санкции кон Москва и стравувања од поширок конфликт.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...