4.9 C
Ohrid
четврток, декември 12, 2024
ПочетнаМакедонијаВечерва нова цена за горивата- Се очекува повторно зголемување !!!

Вечерва нова цена за горивата- Се очекува повторно зголемување !!!

spot_img

Денеска до крајот на денот Регулаторната комисија за енергетијка ќе донесе нова одлука за цените на нафтените деривати што се продаваат на бензинските станици во земјава.

Каква ќе биде таа одлука засега не се шпекулира, но факт е дека цените на нафтата на светските берзи оди нагоре, што значи дека ќе станува збор за зголемување на цените на нафтените деривати.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека во тек се пресметки кои во зависност од резултатите ќе покажат дали се исполнети предусловите РКЕ денеска да носи нова одлука или не за цените на нафтените деривати.

Но, она што е клучно што треба да го знае македонската јавност, е дека Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги утврдува цените на дериватите по старите правила на игра, а не според новите мерки кои денеска ги донесе Владата и за кои информираше премиерот Димитар Ковачевски, со оглед што за новите мерки да стапат во сила, ќе мора прво соодветните закони да се изгласаат во Собранието.

Се анализираат клучни елементи кои влегуваат во крајната цена а тоа се: берзанските котации на нафтените деривати и курсот на доларот во однос на денарот. Според измените во Правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, се овозможува РКЕ да носи одлуки доколку берзанските цени имаат значителни промени. Со измените во правилникот се предвидува дека доколку берзанските цени и/или курсот на доларот во однос на денарот предизвикаат зголемување или намалување во малопродажната цена поголемо или еднакво на 2,00 денари/литар за моторни бензини, дизел гориво и масло за горење, односно 0,300 денари/килограм за мазут, во однос на утврдените цени во последната одлука, тогаш РКЕ ќе донесе нова одлука за највисоки малопродажни цени на нафтените деривати“, вели Марина Узунов, портпарол на РКЕ.

А како што е познато, денеска премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека според новите мерки, цените би се намалиле за 10,5 денари на дизелот, и за 91,5 денари за бензинот.

Тоа ќе биде дел од пакетот економски мерки.

„Ја намалуваме акцизата на берзанските цени, за 1, 2 односно 4 денари по литар, на безоловниот бензин, на гасното масло, и на екстра леснорто, во случај средната дневна берзанска цена да е повисока од 800 американски долари за тон, но пониска или еднаква на 1.000 долари, потоа повисока од 1.000 но пониска од 1.200, осдносно повисока од 1.200 долари за тон. Ова се предлага со цел ублажување на влијанието на зголемените цени на светските берзи и заштита на куповната моќ на потрошувачите.

Мерката ќе има директно влијание врз намалување на малопродажната цена на овие енергенти, и тоа за околу 1,2 денари, односно 2,3 денари, односно 4,7 денари, вклучувајќи го ефектот од намалениот износ на ДДВ за износот на намалена акциза. Би се приомениле акцизи намалени за 2 денари и дизелот од 85,5 денари би се намалил за 10,5 денари и би изнесувал 75 денари, а бензинот наместо 91,5 денари, би се намалил за 11,5 денари и би изнесувал 80 денари“, изјави Ковачевски.

Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Костадиновски: Лага и манипулација е дека ќе биде укинат албанскиот јазик, никој не го доведува во прашање

Во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21 претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, рече дека не е точно оти судот го укинал „балансерот“. манипулација...

Случајот „Беса Транс“ падна на Апелација, се враќа на почеток

Случајот „Беса Транс“ падна на Апелација, односно второстепениот суд ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно судење, дознава Алсат. Судијата Ивица Стефановски...

Македонското знаме се вее и во ММА: Даниела Алексовска ја победи шампионката од Африка

Македонката Даниела Алексовска имаше одлична борба во рамките на ММА натпреварот организиран од МФЦ во Црна Гора. Таа успеа да ја победи шампионката на Африка,...

Србите бесни: Жестока провокација за Звезда уште пред почетокот на натпреварот со Милан

Милан од 21 часот на стадионот „Сан Сиро“ ќе ја дочекува Црвена Ѕвезда во шестото коло од Лигата на шампионите. Гостите беа разочарани од...