24.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаКомисијата бара да се укине задолжителното носење маски за учениците во основните...

Комисијата бара да се укине задолжителното носење маски за учениците во основните училишта

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Децата во основните училишта нема да носат заштитни маски, потврдија од Комисијата за заразни болести.

<

Членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот редовен состанок донесе одлука да препорачаат да се тргнат маските за децата од основните училишта.

„Ги ослободуваме од обврската да носат маски учениците во основно образование, но ова нема да важи за наставниците и техничкиот персонал“, вели претседателот на Комисијата, доктор Александар Петличковски, кој признава дека имало дискусија на оваа тема помеѓу членовите на Комисијата но сепак конечната одлука била донесена со мнозинство.

Од Комисијата велат дека внимателно ќе ги следат сите параметри околу епидемиолошката состојба во училиштата.

„Доколку има било какво влошување на епидемиолошката состојба или зголемување на епидемиолошкиот ризик тогаш може повтрно да се вратат на сила истите мерки кои што беа и претходно. Но, на ваков начин на постепено олеснување на согласно епидемиолошкиот ризик, сметаме дека можеме да на некој начин не се доведеме во ситуација како во Германија, Австрија, Велика Британија и Данска каде што имаше нагло зголемување на бројот на новозаразени, на хоспитализации и на починати“, вели портпаролот на Комисијата, доктор Злате Мехмедовиќ.

Сепак, останува избор на родителите и на децата доколку сакаат можат да носат заштитни маски додека се на настава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...