17.5 C
Ohrid
вторник, август 5, 2025
ПочетнаМакедонијаСимовски: На 30 март ќе бидат објавени конечните резултати од Пописот

Симовски: На 30 март ќе бидат објавени конечните резултати од Пописот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Првиот човек на Државниот завод за статистика најави дека конечните резултати од Пописот ќе бидат објавени на 30 март, за што се подготвува настан во салата на Филхармонија.-На Пописот секој граѓанин имаше право да се попише како што смета. Илузија е да се очекува да има раст на населението кога има пораст на емиграција, вели Симовски во денешното гостување во „Студио 10“ на ТВ24.

<

Според него, демографска стратегија пред 16 години била многу погрешна.
Ни емигрираат млади луѓе кои го носат наталитетот. Треба друг тип на политика.

И кога ќе се направат најдобрите мерки не може да се очекува демографски бум. Секој од нас да има можност од квалитетна работа, втор фактор – можност за квалитетно образование, требаат и квалитетно здравство и добра комуникација и петто, човечките потреби да има можност секаде да се задоволат. Проблемот е и со миграцијата на внатрешно ниво, посочува Симовски.

Пописот траеше од 5 до 30 септември 2021 година. Според Државниот завод за статистика објавени веднаш по завршувањето на Пописот, беа попишани вкупно 1.832.696 лица, регистрирани се 568.175 домаќинства и 837.255 станови.

Последниот попис во државава беше одржан во 2002 година, кога вкупното население изнесуваше 2.022.547 лица.

МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Убиецот од болницата во Бардовци: Слободно шетал и пиел по кафеани !!!

Убиецот Димитар Спасов, кој пред 13 години ја уби мајка му, сега усмрти осуденик со кој престојувал во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци. За...

Китески: Советот на СДСМ Охрид – без трошка срам, против 13 проекти важни за граѓаните, која една од нив е и катната гаража.

Александар Китески, секретар на Општина Охрид: Денес опозицијата во Советот на општина Охрид, предводена од СДС, на седницата за ребаланс на буџетот на општината, без...

Шлепер излета од коловозот меѓу селата Требеништа и Мешеишта

Шлепер излета од коловозот меѓу Требеништа и Мешеишта Попладнево, на делницата меѓу селата Требеништа и Мешеишта, од трасата што се гради како дел од автопатот...

Опелото за Душко Чифлиганец ќе се одржи утре во храмот „Св. Јован Крстител“ во Аеродром.

Опелото за прерано починатиот Душко Чифлиганец ќе се одржи во среда, на 6 август 2025 година, во 14:00 часот, во православниот храм „Св. Јован...