21.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаСе огласија од КАМ: Нашата акција со зејтинот беше добронамерна и насочена...

Се огласија од КАМ: Нашата акција со зејтинот беше добронамерна и насочена кон лојалните потрошувачи.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Откако Пазарната инспекција казни три маркети на КАМ бидејки го тргнаа зејтинот од полиците, иако го имале на залиха, а го даваа само ако купувачите направат сметка над 800 денари, компанијата се огласи преку соопштение.

<

“Акцијата на „КАМ маркет“, во која се подаруваше масло „Ле бон“ за секоја сметка од 800 денари, во овие кризни времиња беше осмислена со добра намера и единствено со фокус на нашите лојални потрошувачи. Вакви промоции се редовна пракса во сите бранши во трговија на мало и услужни дејности, во нашата земја, во регионот и во целиот свет.
Поради нарушувањата на пазарот, како последица на актуелните случувања во светот, менаџментот на „КАМ“ направи напор и успеа да обезбеди пратка од 38.000 литри масло од приватната марка „Ле бон“ за македонскиот пазар, квалитетен производ со пониска пазарна цена.

Одлуката да се подари целото количество во вредност од 55.000 евра, по принцип на таканаречено условено купување, беше донесена од две причини: да се овозможи рамномерна достапност на овој дефицитарен производ, односно да се избегне купување големи количества од страна на помал број лица и истовремено да им се даде подарок на редовните потрошувачи како благодарност за нивната лојалност.

Сакаме уште еднаш да потенцираме дека во времето на реализацијата на акцијата, на рафтовите во маркетите на „КАМ“ беше достапно маслото „Брилијант“ од 1 и 5 литри. Поради големата побарувачка, количините поставени на рафтовите се трошат брзо, во некои маркети побрзо отколку во другите, и можно е да помине кратко време додека тој недостиг се надополни. Во никој случај не станува збор за намерно отстранување на маслото од рафтовите.

Свесни сме за сензитивноста на времето во кое живееме и за последиците од глобалната криза. Како компанија во чиј фокус е потрошувачот, „КАМ“ и понатаму ќе се стреми да обезбеди висок квалитет за своите купувачи по пониски цени. Ќе направиме сè што е во наша можност сите неопходни продукти да им бидат достапни во секое време”, се вели во соопштението.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...