17.5 C
Ohrid
среда, јули 23, 2025
ПочетнаСветГерманците ќе купуваат Плин од Катар.

Германците ќе купуваат Плин од Катар.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Германија се договори со Катар за долгорочно партнерство во снабдувањето со енергија, особено течен гас, објави денеска во Катар германскиот министер за економија Роберт Хабек.
Одлична вест е што цврсто се согласивме за намерата за долгорочно партнерство во областа на снабдувањето со енергија“, рече Хабек по средбата со катарскиот емир Хамад ал-Тани во Доха.

<

Тој додаде дека претставниците на германскиот енергетски сектор, кои го придружуваат на неговото патување во Катар и Обединетите Арапски Емирати, ќе започнат конкретни преговори за склучување долгорочни договори за набавка на течен гас и водород. Хабек отпатува во Катар за да организира испорака на течен гас (ЛНГ), што заедно со најавената изградба на два терминали за ЛНГ е дел од стратегијата на Германија да ја намали зависноста од гас од Русија.

„И ако сè уште не можеме да ја постигнеме целта за независност од рускиот гас оваа година, велиме дека тоа ќе се постигне во иднина“, рече Хабек. Тој рече дека, освен со Катар, за зголемени испораки на течен гас се разговара и со Норвешка и Канада.

Катар е најголемиот светски производител на течен природен гас, претежно извезува во Азија. По нападот на Русија врз Украина, Германија најави дека сака да постигне независност од руските енергетски извори. Земјата во моментов покрива повеќе од 50 отсто од потребите за природен гас со увоз од Русија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР: Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево

„Да ги заштитиме шумите од пожари“, превентивна активност на РЦГР Исток и ПС Делчево Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток...

Македонската убавица Хeлена Роза, кандидат за градоначалник.

Хелена Роза, поранешна водителка и сестра на нашата пејачка Ребека, пред десетина години се пресели во Нов Зеланд и започна нов живот со своето...

24 години од убиството на Ѓоко Лазаревски- Херојот кој сам го бранеше Лешок

Пред 24 години, тој го бранеше своето село од припадниците на ОНА. Пред 24 години храбро војуваше за слобода на Лешок и зачувување на...

80 годишен дедо од Македонија пронајден мртов на плажа во Грција.

Осумдесетгодишен маж бил пронајден во несвест вчера попладне на плажата Каријани во општина Паџао. Според крајбрежната стража, на осумдесетгодишникот кој бил државјанин на Македонија...