13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаИмаме политичари кои од голатари, излегуваат милионери, вели Мицкоски

Имаме политичари кои од голатари, излегуваат милионери, вели Мицкоски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Политиките на СДСМ се катастрофални. Неколку кризи се позади нас и моментално живееме во услови на криза. Во претходната ковид криза последни бевме по добивањето на вакцини. Се сеќаваме и на пожарите летото во Македонија каде молевме низ цела Европа да дојат луѓе да ни помогнат бидејќи властите СДСМ и ДУИ, но и градоначалниците на СДСМ во тие општини не беа способни да се справат со огнената стихија.

<

Сега гледаме и со енергетската криза, можам да заклучам дека и тука покажаа некадарност и неспособност која е најголема во Европа, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за антикризниот пакет мерки во вредност од 400 милиони евра.

Запрашан, дали има пари во буџетот за да се реализираат антикризните економски мерки, за кои ВМРО-ДПМНЕ бара да бидат поопфатни, односно поголем број граѓани да добијат државна финансиска помош, Мицкоски посочи дека, пари има ако не се краде од страна на функционерите на власта.

-Сме го кажале тоа, има пари ако не се краде, а бидејќи се пљачкаат граѓаните, се пљачка буџетот, пари нема, нормално. Доколку не се пљачка, доколку не се краде, пари ќе има. Еве и ова ново задолжување што го најавуваат од 600 милиони евра, тоа ќе бидат повторно покривање на непродуктивните трошоци. Сега да не ги редам, сме ги соопштиле тие како партија на прес конференции кои се министерства имаат непродуктивни трошоци. Доколку тие непродуктивни трошоци, тие непродуктивни трошења, односно таа пљачка и тој криминал се прекине, односно не се случи, тогаш пари ќе има, истакна Мицкоски.

Тој порача дека во државава имаме политичари што голтари влегуваат во политика, а излегуваат милионери и милијардери, кои после тоа отвораат дури и фондации. Фокус.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...