4.5 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаГруби за директорот Симовски: Тој со неговите изјави е за жалење! –...

Груби за директорот Симовски: Тој со неговите изјави е за жалење! – „Албанците на пописот ќе излезат толку колку што се“

spot_img

Останаа уште само осум дена до објавувањето на резултатите од Пописот на населението. Првиот вицепремиер, Артан Груби, вели дека е задоволен од процесот, но не сакаше да ја коментира изјавата на директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, кој рече дека откако ќе бидат објавени резултатите, ќе биде државен непријател број еден.

<

ТВ21: Директорот на Заводот за статистика рече дека ќе биде државен непријател по објавувањето на резултатите….
Груби: Има неколку изјави на директорот на Заводот, кои се за жалење.
ТВ21: Што сакаше да каже со тоа?
Груби: Јас знам, но ќе оставам тој да објасни. Нема потреба од вакви драми во општеството. Јас сакам да ви се заблагодарам за сета помош при процесот за спроведување на пописот, бидејќи навистина направивте извонредна работа. Секој ден од пописот водевте кампања, и со дијаспората. Сите кои придонесоа, вклучувајќи го и премиерот Еди Рама, Албин Курти и сите министри кои беа дел од кампањата.
Вицепремиерот уверува дека нема да има манипулации во однос на бројките. Албанците и останатите етнички заедници ќе излезат толку колку што се, тврди Груби.

-Нема да има веќе никаков страв од страна на било која заедница околу тоа кој што е и дали Албанците се 10, 20 или 14%, како што е пропагандата во земјата. Фалсификуван е само пописот од 2002 година. Убеден сум дека сите тие тврдења ќе бидат отфрлени, ќе бидат демантирани до крајот на март, кога ќе бидат објавени резултатите. Сакам да им олеснам на граѓаните, нека бидат мирни бидејќи бројките се такви какви што се. Задоволен сум од целиот спроведен процес-рече Груби.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Штип – Свекор ја натепал снаата

62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.

Од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

На 14 март ќе се отвори тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се скрати...

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...