18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаСветБајден пристигна во Брисел: "Путин западниот сојуз е обединет" !!!

Бајден пристигна во Брисел: “Путин западниот сојуз е обединет” !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Американскиот претседател Џо Бајден пристигна во Брисел, од каде ќе му испрати порака на рускиот колега, Владимир Путин, дека додека трае руската инвазија на Украина, западниот сојуз е посилен од секогаш, од крајот на Студената војна, коментираат светските агенции.

<

На денешната агенда на Бајден, прв е вонредниот самит на НАТО, па состанокот со Г7, а потоа и средба со лидерите на ЕУ.

Медиумите потсетуваат дека претседателот на САД предупреди, дека Путин можеби размислува за употреба на биолошко и хемиско оружје, за да ја забрза инвазијата врз Украина, „сценарио, што може да отвори опасно и непредвидливо поглавје во едномесечната војна“.

Според советникот за национална безбедност Џејк Саливан, посетата на Бајден има за цел да го зацврсти американскиот одговор на „трите критични фронта“ – опремување на Украина со воена опрема, наметнување поголеми трошоци за Русија, како и зајакнување на западниот сојуз.

Со влегување во зградата на Европскиот совет, Бајден ќе стане првиот претседател на САД, кој ќе присуствува физички на самит на ЕУ.

Останатите лидери од Г7 – премиерот на Канада – Џастин Трудо, на Велика Британија – Борис Џонсон, на Јапонија – Фумио Кишида, исто така заминаа за Брисел, за да присуствуваат на самитот на Г7, јавуваат медиумите. (МИА)

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...