16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаДокторка ќе одговара за смртта на малиот Илче од Охрид: Не го...

Докторка ќе одговара за смртта на малиот Илче од Охрид: Не го прегледала, го лекувала телефонски !!!

Лекарка од Јавната здравствена установа Специјалистички завод Демир Капија ќе одговара за смртта на малиот Илче. Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик според кој може да добие затвор од најмногу 5 години. Момчето кое имаше само 11 години ненадејно почина на 5 октомври, 2020 година,

Неподвижното дете кое боледуваше од церебрална парализа беше оставено прво од неговиот татко, па од неговата мајка. За да има достоинствен и подобар живот беше сместен во семеен дом.

Истрагата за неговата ненадејна смрт траеше подолго време и на крајот утврди дека детето починало од дехидрираност која настанала како резултат на негрижа на лекарка.

Според Обвинителството, осомничената го оставила детето без инфузија и соодветна терапија и го лекувала телефонски без да го прегледа.

Обвинетата, како лекар-специјалист по општа медицина, била ангажирана со договор за повремени и привремени работи во Јавната установа Специјалистички завод Демир Капија – станбена единица во село Куршеница.

Таму, во периодот од 01.10 до 05.10.2020 година, укажувала лекарска помош заради покачена телесна температура и дијареа на едно оштетено дете, родено 2009 година, сместено во Заводот како лице со тешко нарушување на психо-физичкиот развој и церебрална парализа.

Меѓутоа, спротивно на Договорот, здравствената помош ја укажувала без да изврши непосреден физикален преглед на детето, ординирала терапија и неговата состојба ја следела со телефонски известувања, не дала инфузија, па поради тоа дошло до влошување на здравствената состојба на детето, настанала дехидрираност на неговиот организам и на 05.10.2020 година настапила смрт, велат од Обвинителството.

Починатото момче беше згрижено во семеен дом еден месец пред да почине, откако претходно беше пронајдено како целосно запуштено живее само во исклучително лоши услови во Охрид.

Неподвижното дете кое боледуваше од церебрална парализа беше оставено прво од неговиот татко, па од неговата мајка.

Како што тогаш објавија дел од медиумите тој спиел на чергиче и не бил искапен цела година. Надлежните институции за случајот дознаа откако беа алармирани од сосетката која ги слушнала неговите крици.
За повеќе детали,Тука Мкд.Мк

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...