21.7 C
Ohrid
понеделник, јули 14, 2025
ПочетнаМакедонијаТрите награди за мир на Заев од 47.500 евра отишле во фондот...

Трите награди за мир на Заев од 47.500 евра отишле во фондот за борба против ковид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Екс-премиерот Зоран Заев, како што е наведено во неговиот анкетен лист за имотната состојба што го приложил по завршувањето на функцијата, додека бил премиер добил три меѓународни награди за мир со висок паричен износ.

<

Едната е наградата „Фридрих Еберт“ за човекови права добиена во 2020 во Берлин која се состоела од плакета и паричен износ од 10.000 евра што ги дал во здравствениот фонд за борба со Ковид 19.

Заев во 2020 година добил уште една награда за мир – Хесенската награда за мир на фондацијата „Алберт Освалд“ во покраината Хесе, Германија која се состоела од плакета и парични средство од 12.500 евра кои потоа исто така ги донирал во здравствениот фонд.

И третата награда што ја доби Заев заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во 2021 година, е Меѓународната награда за мир на Вестфалија, во висина од 25.000 евра, која ја пренасочил во здравствениот фонд за борба против ковид, стои во анкетниот лист на поранешниот премиер.
Brif.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...

Жителите на Песочани, Ново Село, и Црвена Вода, прашуваат кога ќе се изградат пристапните патишта?

По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес остварив средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново...