26.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаМакедонијаВаско Ефтов разочаран: Ќе го пратевме Али Ахмети во пензија, да не...

Васко Ефтов разочаран: Ќе го пратевме Али Ахмети во пензија, да не беа бојкотирачите на пописот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Новинарот Васко Ефтов обвини дека граѓаните кои го бојкотираа пописот направиле да пропуштиме можност за политичко пензионирање на Али Ахмети. Според Ефтов, со реален приказ на процентот на Македонците и на Албанците во Македонија, Ахмети ќе беше тешко погоден, бидејќи ќе се покажеше дека не успеал ниту за процент да го зголеми уделот на Албанците во Македонија.

<

Ќе го скантавме Ахмети. Многу ми е мака што не излегоа нашите. Да покажеме рационалност. Овој министерот за опозиција (Мицкоски) и овој кој што е премиер, да седнеа и да се договореа. Поранешниот премиер. Ако излеговме, ќе го пуштевме низ вода Ахмети. Ахмети беше зрел да го скантаме. Да покажеме првпат рационалност како Македонци и ние не го направивме тоа. Толку сум разочаран што не излеговме, што не се попишавме. Па што ќе ни се случеше ако се попишевме. Ние сме 62-63 отсто. Не поминаа 25 отсто. Исти им се резултатите како во пописот 2002. Па нели имаат кинески наталитет? Што не пораснаа Албанците? Толку е приказната за Албанците. Ако не ги асимилираат, албанизираат Ромите и Македонците Муслимани, под 20 отсто ќе паднат. И тоа ми е мака. Тоа го направија што бојкотираа. И тоа така некоја тегоба ми прави на душава, Али Ахмети беше зрел за праќање во политичка пензија, изјави Ефтов во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...