27.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаЗабаваВо блиска иднина нема да има повеќе загадување: Најголемиот патнички авион леташе...

Во блиска иднина нема да има повеќе загадување: Најголемиот патнички авион леташе со гориво направено од масло за јадење. (Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Airbus го изведе првиот лет на својот А380 користејќи 100 проценти обновливо млазно гориво (SAF), кое главно се добива од масло за јадење и други отпадни масти.

<

А380, наречен MSN 1 полета од аеродромот Блањак во Тулуз, Франција на 25 март и помина три часа во лет. Неговиот Rolls-Royce Trent 900 мотор користеше одржливо гориво.

Вториот лет беше изведен на 29 март со цел тестирање на полетување и слетување со употреба на одржливи горива. Ова беше трет тип на авион Airbus кој летал со 100 проценти SAF во една година, но е убедливо најголем. Во март 2021 година, Airbus го употреби А350 за тестирање на одржливо гориво, а потоа и А319neo во октомври 2021 година.

За првиот лет на А380 овој месец, Airbus користеше 27 тони немешан SAF обезбедени од TotalEnergies, а горивото главно се состоеше од масло за јадење и други отпадни масти.

SAF покажа голем потенцијал за намалување на емисиите во воздухопловната индустрија, која сочинува околу 2 отсто од вкупните глобални емисии годишно. Други компании, вклучително и Rolls-Royce, исто така спроведуваат тестови со намера нивните мотори да користат одржливо гориво во иднина.

Сите авиони на Airbus веќе имаат сертификат за користење на 50 проценти од SAF измешани со керозин, но целта на компанијата е да направи чекор напред и да добие сертификат за исклучиво користење на SAF до 2030 година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...