20.5 C
Ohrid
понеделник, јуни 30, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски за Фокус: Не се сретнав со Груевски во Будимпешта

Мицкоски за Фокус: Не се сретнав со Груевски во Будимпешта

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера беше присутен во штабот на Фидес на Виктор Орбан, во Будимпешта, каде ги чекаше изборните резултати, а по прогласување на победа на Орбан, тој објави селфи со унгарскиот премиер, честитајќи му ја победата.

<

Во Унгарија, заедно со него е и потпретседателот на партијата, Александар Николоски.

Околу тоа, како се случи Мицкоски и Николоски да заминат во Будимпешта, како поддршка на Орбан додека се чекаа резултатите од парламентарните избори во Унгарија, Мицкоски за „Фокус“ вели дека поканата да биде таму му претставувала голема чест.

-Македонија има голем пријател во Виктор Орбан кој е и мој голем пријател. Голема чест е да бидам поканет заедно со Виктор Орбан и неговите најблиски соработници од Фидес да ги чекаме резултатите – ни изјави тој.

За обвинувањата од страна на СДСМ, дека отишол во Будимпешта по нови насоки и задачи од Никола Груевски, појаснува дека не се сретнал со него.

На прашањето дали има промени од неговата последна изјава, дека со екс премиерот Никола Груевски последен пат се сретнале во Македонија, во ноември 2018 година, во време кога тој требаше да оди затвор, односно дали сега, додека престојува во Будимпешта се случила средба помеѓу нив двајцата, тој категорично вели – Зошто да има промени?

Вики Клинчарова

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...

Ексклузивна фотографии од опожарениот глисер кај каналот Студенчишта во Охрид.

  До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во близина на каналот Студенчишта во Охрид. Инцидентот се случил пред неколку...

Фото: Се запали јахта кај каналот Студенчишта во Охрид – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија !!!!

Се запали глисер кај каналот Студенчишта – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија Пред десетина минути во близина на каналот Студенчишта во Охрид избувна пожар...

Трагедија во Италија: Девет годишно девојче со потекло од Македонија се удави во реката Пјаве

Девојче со потекло од Македонија на возраст од девет години вчера трагично го загуби животот во реката Пјаве, во близина на Сан Џакомо ди...