23.9 C
Ohrid
вторник, јули 29, 2025
ПочетнаМакедонијаАртим Шаќири назначен за нов тренер на Шкендија

Артим Шаќири назначен за нов тренер на Шкендија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Тимот на тетовска Шкендија доби нов тренер во името на поранешниот репрезентативец на Македонија, Артим Шаќири.

<

Шаќири практично се враќа во тетовските „црвено-црни“ во кои беше и како играч и како тренер.

Шаќири доаѓа на тренерското место, и ќе ја води екипата до крајот на сезоната, а потоа ќе ја извршува функцијата спортски директор на екипата.

Шаќири ќе го замени Бруно Акраповиќ кој доби отказ вчера после неубедливата игра и нерешениот резултат на екипата против Борец.

По повод раскинувањето на договорот со Акраповиќ, од ФК Шкендија соопштуваат дека до именувањето на нов шеф на стручниот штаб, во својство на в.д. тренер е назначен Артим Шаќири.

За помошник е назначен Бурхан Емурлаху додека во стручниот штаб продолжуваат да бидат Метин Далип и Куштрим Абдулахи“, соопштија од Шкендија.

Шаќири како играч на Шкендија беше во сезоната 2007/2008, а потоа во 2012/2013 беше и тренер на екипата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Заев за лицето кое се обиде да подметне пожар: Го немам видено од 2016 година

Полицијата вчеравечер го уапсила лицето Александар Н. од Струмица, кого медиумите го поврзуваат со поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев. Од МВР...

Поништена јавната набавка на 120 автобуси!

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за...

Директорка на училиште во Виница, си ја вработила ќерката како наставник во истото училиште, иако немала соодветно образование

Кривична пријава против директорка на училиште во Виница, си ја вработила ќерката во истото училиште иако немала соодветно образование Надворешната канцеларија за криминалистички работи...

Ангелов со убави вести: Куманово ноќва ќе биде зафатено од пороен дожд

Куманово и дел од Крива Паланка ноќва ќе бидат зафатени од пороен дожд, најави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Како што...