29.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаДа се чуди човек: Обвинителка Ивана се чуди како Фросина Ременски е...

Да се чуди човек: Обвинителка Ивана се чуди како Фросина Ременски е ослободена од казна затвор !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Обвинителката Ивана Трајчева најави жалба за предметот „Меѓународен сојуз“, откако денеска во Кривичниот совет беше соопштена пресудата. Обвинителката истакна дека не и е јасно како обвинетата Фросина Ременски била ослободена од Обвинение.

<

Самите оштетени посочија дека токму поради нејзината личност, функцијата која што ја извршувала во тој момент довела до потпишување на таквите договори. Кога ги имате овие два факти коишто судот и самиот ги прифатил, неспорно денеска тоа беше кажано, навистина не знам како на крајот судот донел заклучок дека Обвинителството во текот на постапката не докажа надвор од разумно сомневање дека го сторила делото кое што и се става на товар. Но, ние како странка во постапка имаме право на жалба и сметам дека тоа право секако ќе биде искористено, рече обвинителката Трајчева.

Воедно, што се однесува на осудителниот дел таа посочи дека се потврдила тезата на Обвинителството дека обвинетите ги сториле делата коишто им се ставаат на товар со предметниот обвинителен акт.

– Во однос на казните морам да кажам дека ќе мораме да ја почекаме писмената пресудата за да слушнеме точно кои околности како олеснувачки и отежнувачки биле ценети од страна на судот при одлучување и одредување на видот и висината на изречените казни бидејќи, како слушнав и денеска, самите тие околности не ги слушнавте. Оттука не можам да ви кажам дали би имало жалба во овој дел по однос на веќе изречените казни, рече Трајчева.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Никола победи на „Ѕвездите на Гранд“

Синоќа се одржа големото финале на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а токму македонецот Никола Станишиќ победи. Имено, Никола Станишиќ е роден на 18 февруари...

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...