15.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаАпасиев: Албанците Се 16% Според Издадените Државјанства!

Апасиев: Албанците Се 16% Според Издадените Државјанства!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пратеникот во Собранието на Република Македонија и лидер на Левица, Димитар Апасиев вчера гостуваше во емисијата Јади Бурек на телевизија Сонце.

<

Една од главните теми на дискусија во емисијата беа резултатите од пописот и целиот процес околу него, за што пратеникот нагласи дека овој попис е за демакедонизација преку кој сакаат да не направат Курди на Балканот.

„Преку оваа демакедонизација, сакаат да нè направат Курди на Балканот. Да бидеме брутално искрени. Швајцарија, ама Швајцарија нема Швајцарци. За да ние бидеме Швајцарија на Балканот треба да нема Македонци.“

Апасиев нагласи дека овој процес не се спроведува од вчера, и дека целата оваа „операција“ трае со децении, односно уште од осамостојувањето на Македонија. Тој преку бројки направи компаративна анализа за тоа како бројот на Македонци во Македонија се намалува.

„Прво, по бројот на државјанства, 73% се Македонци, во 2002 година нè симнаа на 64%, за денес психолошки и намерно нè спуштаат под 60% и нè симнуваат на 54%.“

Во продолжение пратеникот образложи за тоа колкав број на жители има најбројната етничка заедница во Македонија, укажувајки на бројот на издадени државјанства, Апасиев нагласи дека во одредени разговори самиот Али Ахмети признава дека Албанци во Македонија се помалку од 20%.

„Албанци се 16,7% по број на издадени државјанства, и тоа вештачки издавани. Ако ти текнува на бомбите на Ел Чека, Али Ахмети со Муса Џафери кога зборуваат, Ахмети сам признава дека Албанците ќе паднат под 20% ако се спроведе пописот, кој тогаш го прекинаа.”

На крајот од излагањето за овој дел, Апасиев констатираше дека пописот е политички процес со кој претходната власт во 2011 не успеала да се справи, а моменталната предводена претходно од Заев сега од Ковачевски доживеа тотален дебакал.

„Ни Груевски со 62 пратеника не успеа да испадне на крај со Али Ахмети , а не па Заев или овој Таче со четириесет и неколку пратеници.“

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...