15.4 C
Ohrid
сабота, октомври 12, 2024
ПочетнаСветВо тешка сообраќајка повреден Расим Љаиќ, загина неговиот возач.

Во тешка сообраќајка повреден Расим Љаиќ, загина неговиот возач.

Лидерот на Социјалдемократската партија на Србија и поранешен вицепремиер на српската влада, Расим Љајиќ, денеска околу девет часот доживеа тешка сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш, кај Ражањ, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти тамошното МВР, возилото „Шкода Суперб“ во која се наоѓал Љајиќ од засега непознати причини излетало од патот и се превртело, а во оваа сообраќајна несреќа од здобиените повреди на самото место почина неговиот возач.

Расим Љајиќ, кој се наоѓал во возилото, се здобил со неутврден степен на повреди и веднаш е пренесен во Клиничкиот центар во Ниш.

Како што соопшти ТВ Н1, повикувајќи се на КЦ Ниш, лидерот на Социјалдемократската партија на Србија, тој се здобил со повреди на ребрата и не е во живна опасност.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По повод 11 Октомври, 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме!

На плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ во Прилеп, околу 1200 основци и средношколци денес го формираа македонското знаме во чест на националниот празник „11 Октомври“.

„Трајан Целески – ТАЧО“ е името на новото повеќенаменско игралиште во населба Видобишта.

„Трајан Целески - ТАЧО“ е името на новото повеќенаменско игралиште во населба Видобишта. Вечерва свечено го отворивме ова повеќенаменско игралиште кое го носи името на...

Денес, во очи на 11 Октомври, Охрид и Македонија го одбележуваат празникот на македонскиот непокор.

Денес, во очи на 11 Најзначајниот период во милениумското битисување на Македонскиот народ е неговото учество во четиригодишната народно-ослободителна епопеја во Втората светска војна,...

Македонија стана нова членка на Советот за човекови права на ОН

Со 168 гласа „за“, Македонија денеска стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се...