17.9 C
Ohrid
недела, октомври 13, 2024
ПочетнаМакедонијаРакометарот Тот и притворената се познавале пред да се случи убиството

Ракометарот Тот и притворената се познавале пред да се случи убиството

Хрватскиот ракометар Денис Тот и притворената деветнаесетгодишна девојка биле пријатели извесен период пред неговото убиство но во средата вечер не дошле заедно во ноќниот клуб „Привилиџ“. Според информациите на „Телма“ вечерта седеле на различни маси, а притворената цела вечер била во друштво со првоосмничениот Ангело Ѓоргиевски. Внатре во клубот имало контакт а најдолго се задржуваат и дискутираат пред дискотеката, што е забележано на снимката од камерата на „Сејф сити“ но не беше објавено во јавност.

МВР потврди дека вечерта меѓу нив имало расправија

Според информациите на „Телма“ на снимката од „сејф сити“ се гледа и дека такси возачот по педесетина метри ќе запре и од него ќе излезат Ѓоргиевски и девојката а тој ќе се замине. Притворените повторно ќе се вратат кај Тот кој сеуште лежи пред дискотеката.
Ниту еден од сведоците на настанот, ниту обезбедувањето во клубот нема да го пријават нападот на бројот 192.

Министерот Спасовски нема прецизна информација колку време поминало од претепувањето до неговата хоспитализација во Ургентниот центар од каде што ја добива и пријавата. Нејасно е ако нема видливи повреди зошто е повикана полицијата, а Спасовски без прецизен одговор дали уште вечерта, веднаш по пријавувањето, полициски екипи биле во ноќниот клуб за да земат изјави од сведоци што секако би влијаело врз содржината на полициската информација објавена во четвртокот околу пладне.

Спасовски е дециден дека обид за прикривање на дело немало и од пријавата до притворањето не поминале повеќе од 24 часа. Дали првоосомничениот Ѓоргиевски е во државата не даде одговор но не ја исклучи можноста од распишување мешѓународна потерница

Од здравстевниот инспекторат потврдија дека кај нив пристигнале изјавите од сите медицински лица кои имале било каков контакт во хрватскито ракометар Денис Тот, од неговиот транспорт па се до прогласувањето на смрт но што стои во нив засега нема да соопштат. Во инспекторатот сеуште се чека на извештајот заедно со токсиколошката анализа од Судската медицина. За повеќе детали,Тука Телма Тв

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кумановец вo полиција пријавил напад, заборавил дека него со потерница го бараат за в затвор.

Кумановец в полиција пријавил напад, заборавил дека него со потерница го бараат за в затвор. Вчеравечер во 03.00 часот во СВР Скопје, И.Т.(41) од Куманово,...

На 13 октомври 2003 година во Скопје почина еден од најлегендарните актери во Македонија, Ѓорѓи Колозов.

На 13 октомври 2003 година во Скопје почина еден од најлегендарните актери во Македонија, Ѓорѓи Колозов. Колозов е роден на 26 февруари 1948 година во...

Велешани ја направија најголемата пастрмајлија од 4 метра и 20 сантиметри- Питијадата се изеде за 11 минути !!!

За 11 минути се потроши џиновската пита пастрмајлија, која мајсторите од пекарата „Гемиџии“ од Велес, ја подготвуваа 6 часа. Од година во година џиновската...

Во липковско полицијата пронајде дрога и оружје.

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи...