23.9 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаМакедонијаЦела Инфективна клиника од утре на одмор до трети Мај заради дезинфекција...

Цела Инфективна клиника од утре на одмор до трети Мај заради дезинфекција !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Инфективна клиника од утре се затвора поради дезинфекција и реновирање, сите 37 лекари специјалисти, сестрите, болничари, лаборанти и останатиот технички персонал, одат на одмор до трети мај.

<

Се спремаме за септември, не знаеме што нѐ чека, вели директорката на клиниката д-р Милена Стевановиќ, со надеж, како што вели, дека „државата ќе преживее осум работни дена без нас“.

Практично, клиниката ќе биде затворена до трети мај со викенди и за време на Велигденските празници, Први мај и Рамазан Бајрам. Нема да работи ни монтажната болница.

Ако има ковид-болни со компликации, ќе бидат испратени во Градската општа болница „8 Септември“, која не ни престана да биде главен ковид центар во државата иако остана само со еден специјалист инфектолот. Директорот на болницата д-р Кристијан Костов вели дека од утре ќе мора повторно да ја отвори тријажната амбуланта за сомнителни од ковид, иако персоналот, од кои повеќето интернисти веќе се вратија на матичните одделенија и болницата работи со полн капацитет. Тој вели и дека дури имаат и зголемен број прегледи и хируршки интервенции во редовната програма поради застојот што беше направен додека кај нив во одреден период лежеа и над 100 ковид пациенти дневно, најчесто со тешки компликации, па беа затворени неколку оддели.

„Во моментов имаме 20 пациенти кои се згрижени во одделот за интензивна нега од ковид одделението и се надеваме дека додека трае колективниот одмор на Интензивната клиника нема да има голем наплив на пациенти кои бараат болничко згрижување“, вели Костов и додава дека во болницата од почетокот на пандемијата биле хоспитализирани 7.000 граѓани со тешки компликации од ковид, а низ ковид амбулантата поминале над 40.000 пациенти.

Директорката на Инфективната клиника д-р Милена Стефановиќ вели дека лекарите ќе бидат достапни по телефон за консултации. На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК што ќе се случи со болните од други инфективни болести, како што беше на пример труењето на премиерот Димитар Ковачевски пред неколку дена, како и со предоперативните испитувања од кои едното е за хепатит Ц и по протокол е невозможно хирург да оперира без таа анализа од Инфективната клиника, Стевановиќ одговори:

„Се е под контрола, заменските клиники се тука да помогнат. Ние ќе бидеме достапни онлајн и по телефон за консултациии за пациенти кои место во нашата Клиника која ќе се реновира и дезинфицира, ќе бидат примени во заменските. Неопходните испитувања и анализи кои се прават кај нас, ќе се прават на друга клиника. Матичните лекари се известени дека Инфективната клиника нема да работи до трети мај, другите инфективни одделенија во државата ќе си ја тераат работата, комплицираните случаи ќе бидат испратени на други клиники со кои сме се договориле“.

С.К. ДЕЛЕВСКА Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...