18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаМВР сепак знаело дека Ѓорѓиевски е во Скопје, Бубевски вели имало лоша...

МВР сепак знаело дека Ѓорѓиевски е во Скопје, Бубевски вели имало лоша проценка од Клинички при првиот преглед на Денис Тот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека Анџело Ѓорѓиевски, еден од првоосомничените за убиството на ракометарот Денис Тот од Хрватска, по сите оперативни информации и стеснет простор е пронајден и приведен во станицата во Аеродром. Лицето се криело во Скопје, во еден објект, а истрагите, нагласи, мора да се водат низ институциите.

<

– Знаевме дека не ја напуштил Македонија и се работеше интензивно на тоа, рече Спасовски синоќа во 24 анализа на телевизија 24.

Спасовски нагласи дека се покажало деновиве и во сите процесни дејствија преземени дека нема ниту во еден момент, ниту помисла, ниту причина, ниту мотив, да се скрие убиство.

– Политиканства од типот барање врска помеѓу нешто што се случувало за времето на режимот и ова што се случува сега, апсолутно не може да се воспостави и тоа е аргументирано со повеќе факти. Не би сакал вечерва или било кога да навлегувам во какво било политиканство и да правиме какви било паралели. Ефикасноста на сите институции и на полицијата, и на Јавното обвинителство, мерки преземање врз основа на сите процедури што се во вакви ситуации придонесоа да се затвори целиот случај, рече Спасовски.

Обвинителот Гаврил Бубевски изјави дека во рок од 24 часа се обезбедени скоро сите докази за овој настан, а во рок од седум дена постапката веќе има осомничени лица, кои се во притвор, против нив постапката сега засега се води за кривично дело убиство. Во текот на постапката ако се приберат други докази кои ќе укажуваат на други докази како настапила смрта и дали има некаква индикација дали лицето било свесно додека било удирано во главата, тоа може да предизвика потешка правна квалификација, ќе биде јавноста известена.

– Во овој момент додека не ја добиеме наодот од Институтот за судска медицина, ова е правната квалификација, предметот се процесуира, се собираат докази, се прибираат изјави на сведоци. Во текот на наредната недела ќе бидат испитани и осомничените и за многу брзо време овој предмет ќе добие и судска постапка, изјави обвинителот Бубевски во 24 анализа.

Според него, изјавата од Клиничкиот центар дека при првичниот преглед не се утврдени траги од насилство на телото на сега починатиот ракометар, е лоша проценка.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...