25.9 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeМакедонијаКoи се тие Македонци во Бугарија, Праша Јотова?!!!

Кoи се тие Македонци во Бугарија, Праша Јотова?!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Културниот центар „Ванчо Михајлов“ да биде мост меѓу двете земји и да помогне да се освојат срцата на двата народа; важно е да се искорени омразата и бугарската заедница во Северна Македонија да се чувствува рамноправно, рече премиерот Кирил Петков на отворањето на бугарскиот клуб во Битола.

<

Дописничката на САКАМДАКАЖАМ.МК од Битола го праша бугарскиот премиер Петков кога Бугарија ќе дозволи Македонците таму да отворат свој клуб и македонски премиер да дојде на неговото отворање? Петков избегна конкретен одговор на ова прашање и само кажа дека со вакви локални активности народот ќе се чуствува поблизок.

„Колку повеќе имаме локални дејности, колку повеќе од двете страни има врска и народот се чувствува како едно, толку подобро зашто политичарите доаѓаат и си заминуваат, а ваквите врски остануваат. Ваквите центри даваат основа за добрососедство“, рече Петков.

Колегите од СДК.МК истото прашање и го поставивиа и на бугарската потпретседателка Илиана Јотова која одговори со прашање „кои се тие Македонци во Бугарија“, нагласувајќи дека досега до нив никој не поднел барање за отворање македонски клуб.

„Кои се тие Македонци во Бугарија, дајте ми пример. Јас многу одамна се занимавам со таа тема, бев и десет години во Европскиот парламент, никој досега од ваша страна не побарал такво нешто“, рече Јотова.

Понатаму, го игнорираше прашањето на новинарите зошто досега не ги примениле одлуките на судот во Стразбур во врска со правата за регистрација на македонските здруженија во Бугарија.

Вкупно 16 добиени пресуди од Судот за човекови права во Стразбур има за кршење на правото на слободно здружување на Македонците во Бугарија, од кои 11 се на ОМО „Илинден Пирин“. Првата пресуда оваа организација ја добила пред Судот за човекови права во Стразбур во 2001. Ниту неа, ниту последователните 10 добиени пресуди, Бугарија ги спроведе до денеска. А ни останатите 5 што ги добиле „Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија“ и други подносители на тужби за кршење на човекови права од бугарските власти.
сдк.мк

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ја тепал, ѝ ја запалил колата, барала помош- Страшни детали за убиената велешанка

Не стивнуваат реакциите по двојното убиство и самоубиство во Велес, настан што ја вознемири македонската јавност. Триесет и деветгодишниот скопјанец со остар предмет вчера ја...

Ова се ќерката и таткото кои беа убиени вчера во Велес

Двојно убиство и самоубиство извршено со остар предмет во семејна куќа во Велес ја потресе јавноста денес. Според полицијата, маж од Скопје денеска ги...

Полицајка грабнала и тепала помлада колешка во Штип

Вистинска полициска драма се случувала во Кочани и во Штип, кога полицајка, со помош на уште една жена, киднапирала помлада колешка и ја одвела...

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...