22.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаЗабаваСо два бели коња Елизабета Втора го слави 96-от роденден.

Со два бели коња Елизабета Втора го слави 96-от роденден.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кралицата Елизабета Втора денеска го слави својот 96-ти роденден во Сандрингам. Британскиот најдолговечен монарх отпатува со хеликоптер до нејзиниот имот во Норфолк, каде што ќе ѝ се придружат и семејството и пријателите.

<

Се очекува таа да остане во викендицата, што особено му се допаѓаше на нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип. Таа, инаку, во февруари го прослави и платинестиот јубилеј – 70 години на британскиот престол. Кралицата беше во Сандрингам и кога го одбележа доаѓањето на престолот во 1952 година.

По повод роденденот, објавена е фотографија на која кралицата е со два коња – нејзиниот доживотен интерес и љубов кон овие животни. Сликата е направена во замокот Виндзор.

Инаку, Елизабета Втора беше официјално крунисана за кралица на Обединетото Кралство на 2 јуни 1953 година.

Изминативе неколку месеци, кралицата имаше проблеми со подвижноста и мораше да пропушти голем број настани, вклучително и црковните служби за Велигден. Нејзиното единствено јавно појавување годинава, надвор од нејзините резиденции, беше на свеченоста по повод благодарноста кон принцот Филип во Вестминстерската опатија.

Принцот Хари во интервју за американска телевизија посочи дека кралицата можеби го минимизира овој настан, велејќи дека „по одредена возраст родендените ви здосадуваат“.

Таа е родена во 1926 година, во Лондон на улицата „Брутон“, каде најпрво живеела со нејзиниот татко и мајка си подоцнежните крал Џорџ Шести и кралицата Елизабета. Куќата каде што е родена кралицата е урната 1930-тите.

За споредба, кралицата Викторија и Џорџ Трети живееле до 81-годишна возраст, а сите други англиски или британски владетели живееле под 80 години.

Според бројките на Канцеларијата за национална статистика, кралицата е една од околу 124.000 луѓе во возрасната група од 95 до 99 години во Велика Британија, од кои речиси три четвртини се жени.

МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицајците во Македонија ќе возат „Пежо 408- МВР купува 120 автомобили

Министерството за внатрешни работи избрало најповолна понуда за набавката на 120 возила за потребите на полицијата, објави порталот 360 степени.. Известувањето е објавено на интернет-страницата...

Ангелов: Почитувани граѓани! Сејфти фрст и честит Илинден!

Поранешниот директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, со својата карактеристична искреност и хумор, денес ја честиташе Илинденската слава на народот со зборовите: „Сејфти фрст и честит...

„Ворлд’с њуз“ од Сиднеј, во 1903: Грците, Србите, Бугарите, па и Ерменците се должници на Македонците

Во секоја војна за слобода што го означила напредокот на еманципацијата во југоисточна Европа, Македонците учествувале. Македонците се бореле рамо до рамо со Грците...

Градоначалникот Пецаков на литургија за Св. Илија во Велгошти: Нека е за многу години!

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денес присуствуваше на утринската литургија по повод големиот христијански празник Св. Илија, во црквата „Св. Илија“ во Велгошти. „Нека е...