Откако во петокот беше објавена фотографија како БМВ со гостиварски таблички преминува преку Камениот мост додека минувачи му се тргаат од патот, МВР соопшти дека возачот вчера е пронајден и добил казни за три прекршоци.
Станува збор за 68-годишен гостиварец за кого полицијата смета дека го возел луксузното БМВ во правец од Чаршијата кон централниот Плоштад.
Фотографијата беше објавена од корисник на социјалната мрежа Твитер, а МВР објави кои прекршоци му се пишана на пензионерот со БМВ:
-Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот ден (25.04) е санкциониран И.А. (68) од с. Чегране, Гостивар, кој со патничко возило се движел по Камениот мост во Скопје. Изречени му се мерки поради движење спротивно на сообраќаен знак, паркирање во пешачка зона и истечена важност на сообраќајна дозвола.
Трелма Тв