18.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаСветПодољак: Имамe лоши вести за Русија, украинската војска се засилува

Подољак: Имамe лоши вести за Русија, украинската војска се засилува

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

КСоветникот на украинскиот претседател Михајло Подољак денеска ги поздрави ветувањата на САД и нивните сојузници дека ќе испратат уште тешко оружје во Киев, по разговорите во германската воздухопловна база Рамштајн и порача дека „Украина станува посилна “.

<

„Едно од чудните барања на Русија на почетокот на војната беше целосна демилитаризација на Украина. По вчерашната епохална средба на 40 министри за одбрана, имам лоши вести за Русија. Капацитет, брзина, поедноставена логистика, проширен опсег на оружје – Украина станува посилна, напиша Подољак на Твитер.

Во американската воена база Рамштајн во Германија се одржа состанок на претставници на 40 земји за вооружувањето на Украина, а домаќини на состанокот се САД.

„Украина верува дека може да победи, како и сите присутни овде“, рече американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во Рамштајн.

Началникот на Здружениот генералштаб на американските сили, Марк Мили, предупреди дека на Украина и е потребна дополнителна воена помош и дека следните недели се „критични“.

МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...