26.9 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаСе затвора Ургентниот центар на Клинички

Се затвора Ургентниот центар на Клинички

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Главниот Ургентен центар во државата од идната недела до јули наместо со пациенти ќе биде полн со градежни работници, објави Сител телевизија.

<

Поради реновирање установата ќе функционира со намален капацитет. Директорот на ТОАРИЛУЦ уверува дека и за време на реновирањето ќе се примаат итните случаи.

Влезот за амбуланските возила ќе биде од страната на Стоматологија, а прегледите ќе се вршат во трите амбуланти на Трауматологија.
Апсолутно ќе функционира Ургентниот центар како што функционирал до сега, во помал обем, но сепак ќе бидат згрижени сите пациенти. Така да планираме тоа да трае еден до два месеци и преземени се сите активности за да нема несакани проблеми, изјави Д-р Александар Трајановски, директор на ТОАРИЛУЦ за Сител.

Дневно низ Ургентниот центар поминуваат 100-тина пациенти. Тука ги примаат и најголем дел од повредените во разни несреќи од целата држава.

Трајановски вели дека и додека трае реновирањето вработените ќе си бидат на работните места, но доколку има наплив на пациенти било договорено тие од внатрешноста ќе ги носат во ГОБ 8 септември, а итните случаи од Скопје во Старата градска болница.

-Договорено е доколку има наплив на пациенти да се пренасочат во тие две установи додека трае реновирањето, вели Д-р Трајановски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов: Почитувани граѓани! Сејфти фрст и честит Илинден!

Поранешниот директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, со својата карактеристична искреност и хумор, денес ја честиташе Илинденската слава на народот со зборовите: „Сејфти фрст и честит...

„Ворлд’с њуз“ од Сиднеј, во 1903: Грците, Србите, Бугарите, па и Ерменците се должници на Македонците

Во секоја војна за слобода што го означила напредокот на еманципацијата во југоисточна Европа, Македонците учествувале. Македонците се бореле рамо до рамо со Грците...

Градоначалникот Пецаков на литургија за Св. Илија во Велгошти: Нека е за многу години!

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денес присуствуваше на утринската литургија по повод големиот христијански празник Св. Илија, во црквата „Св. Илија“ во Велгошти. „Нека е...

Ален Деребан: Денес го чествуваме Илинден – симболот на македонската борба, гордост и непокор!

Денес го чествуваме Илинден – симболот на македонската борба, гордост и непокор! Да се потсетиме на храброста на илинденците од 1903 и државничката мудрост на...