-4.1 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаЗабаваCпасен Cилјаноски: Чудно ми е кога ќе дојде 16 годишно дете и...

Cпасен Cилјаноски: Чудно ми е кога ќе дојде 16 годишно дете и ќе ја побара “жена од султана”- Тоа дете ниту разбира Српски, ниту ја разбира песната, туку едноставно му е наметната од таа пропаганда на националните тв

Фејсбук статус кој неодамна го напиша македонскиот фолк пејач Спасен Силјаноски:

Со ослободувањето на мерките фала му на Бога наеднаш почнаа да се јавуваат огромен број на клиенти кои сакаат мене и мојот бенд да ни ја дадат довербата за да се погрижиме за нивната веселба ( најголем дел свадби и крштевки) и премногу сум им благодарен за тоа.

Но пред да прашаат дали сме слободни за нивниот термин и која е цената со која настапуваме, за жал поставуваат едно друго прашање кое јас никако низ годиниве неможам да го разберам.

А тоа е : ДАЛИ ПЕЕТЕ СРПСКА МУЗИКА? Одеднаш си помислувам дека сигурно некој се јавува од Србија штом бара Српска музика. Но зарем таму малку ли ги има пејачи кои одлично си ја пејат нивната музика.

Значи погрешно сум мислел, не се од таму. Второ што се прашувам е зошто на луѓето кои ќе прават веселба им е приоритет пред се да изнајмат музика која што МОРА во нивниот репертоар да има Српски мелос,

и тоа го бараат во најголем дел од веселбата( има региони во Мк каде што на свадбите се пее дури 70-80 % Странска музика), а при тоа имаме неисцрпливо богатство на наша Македонска музика, како народна така и новокомпонирана музика на која цел свет ни завидува и ни ја присвојува.

Ок да не бидам премногу метафоричен ке бидам малку директен и искрен. Јас како музичар, инструменталист, вокален изведувач и кантавтор АПСОЛУТНО немам против никаков вид ниту жанрн на музика.

Јас покрај нашата Македонската сум израснат слушајќи буквално секаков вид на музика, И Српска, Босанска, Бугарска, Албанска, Романска, Ерменска, Ирска… И тн…..Значи се што претставува уметност од музика јас бесценето го почитувам без разлика на која држава, нација или култура припаѓа.

Нема да бидам скромен и сам ќе се пофалам дека и јас можам да интерпретирам странска музика и тоа подобро од 95% пејачи од нашата естрада кои што не знаат ниту една Мк песна, пејат и објавуваат во најголем дел Српска музика, и со тоа се прават “поголеми католици од папата”.

Но сепак она што најмногу го сакам и уживам во тоа е нашата Македонска музика. Како можеме да дозволиме нешто туѓо да доминира на нашите веселби. Како можам да ве сакам повеќе вас од моето семејство???…

Парадокс… Знаете… Јас немам ништо против да дојде човек на свадба, човек кој служел војник во ЈНА, или можеби работел 15 години како конобар во Хотел Москва на Кнез Михајлова и да порача песна од неговото време, песна која ке го потсети на неговата младост, носталгија…Со задоволство би му ја исполниле.

Но чудно ми е кога ќе дојде 16 годишно дете и ќе ја побара “жена од султана”… Најголем шунт од музика…. А тоа дете ниту разбира Српски, ниту ја разбира песната, туку едноставно му е наметната од таа пропаганда на националните тв кој по цел ден емитуваат де пинкови звезде, де звезде гранда и тн И наметната од тие така наречени “балкански вечери” на кои сите гости се Македонци, оркестарот Македонци, Менаџерот Македонец, а цела вечер се пее исклучиво балканска музика, значи се друго освен Македонско…..

Морам да признам и друга вистина, а тоа е дека во Мк нема продукција како во нашите соседни држави, искрено далеку сме од нив во тој контекст но тоа незначи дека треба да ја игнорираме нашата музика. Напротив треба да се дејствува и да се превземе нешто околу афирмацијата и продукцијата на Мк музика.

Да не должам многу и не сакам да бидам погрешно разбран. Со почит кон сите соседни музичари, сите наши музичари во кој сум сигурен дека има голем потенцијал, но дајте да бидеме свои на своето, дајте кога ке правиме Македонска свадба таа нека биде Македонска.

Немам апсолутно против да се испее по малку од се друго, но имам против да се испее малку Македонско, а останатото да биде се друго. Ви благодарам, напиша Силјановски на Фејсбук.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...