27.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонците во Бугарија го бараат станот на Љубчо Георгиевски во Благоевград.

Македонците во Бугарија го бараат станот на Љубчо Георгиевски во Благоевград.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Активистот за правата на Македонците во Бугарија, Атанас Кирјаков, на својот Фејбук го праша поранешниот премиер Љубчо Георгиевски дали може да им го даде под ќирија, како што вели, неговиот стан во Благоевград за таму да го сместат Македонскиот клуб, додека не се отвори Клубот што го најави премиерот Димитар Ковачевски.

<

После отварањето на бугарски клуб со името на контраверзниот Ванче Михаилов во Битола и после затварањето пред Велигден на Македонскиот клуб во Благоевград, премиерот Димитар Ковачевски даде машки збор на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рахела Мизрахи дека ќе каже на премиерот на Бугарија, Петков – „во Благоевград ќе отвори врати Македонски културен информативен центар и тоа до крајот на годината.

Ние, етничките Македонци и Македонки од Благоевград, таа изjава на премиерот Ковачевски можеме само да ја поздравиме со големи аплаузи, пошто со години чекаме да отвори врати наш Македонски клуб во нашиот роден град. Ќе чекаме и ќе видиме дали премиерот Ковачевски ќе си го одржи на зборот.

Но, додека чекаме, а сме и буквално избркани на улица, сакаме да се обратиме и со една молба до бившиот премиер Љубчо Георгиевски. Дали Господинот Љубчо Георгиевски е согласен да ни го даде под кирија неговиот стан во Благоевград (станот во Благоевград е на фотографијата) во кои стан ние, Македонците од Благоевград, ќе држиме состаноци, додека отвори врати Македонскиот клуб најавен од премиерот Димитар Ковачевски?

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...