15.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСела: Нам не ни треба премиер Албанец- Ни треба човек што ќе...

Села: Нам не ни треба премиер Албанец- Ни треба човек што ќе ги решава проблемите !!!

spot_imgspot_img

Зијадин Села, лидерот на Алијанса на Албаците, за денешен Утрински брифинг вели дека Али Ахмети го смета за еден голем политички лажго кој на избори оди со многу големи ветувања.

На пример, рече дека ќе има премиер Албанец. Нам не ни треба премиер Албанец, со албанско име и презиме, туку човек што ќе ги решава проблемите. Иднината на Македонија не се крои од Мала Речица или Зајас. Ако сакаме да мериме, треба да погледнеме што се инвестирало.

Таму, се крои корупција, се кројат судии и обвинители, и да, ДУИ треба да си оди во опозиција. ДУИ стануваат коцкари и сакаат да формираат фирма која би правела државна лотарија а која би била како крило на ДУИ. Оттука е јасно дека ние немаме правна држава. Оти да објави Владата конкурс за таква фирма во рамките на Лотарија на Македонија пред законот за игри на среќа да помине не е во ред, вели Села.

Села вели дека Ахмети е класичен манипулатор и дека не може да предводи зелена агенда некој кој владее со општини каде што има најмногу дива сеча или се палат трски. Села ја толкува зелената агенда како нешто со што Ахмети би можел да излезе на избори.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...