21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаРусковска: Камчев веруваше во мене и постигнавме спогодба..

Русковска: Камчев веруваше во мене и постигнавме спогодба..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во гостување на српската телевизија „Хепи“, зборувајќи за својата работа, ја споменува спогодбата склучена со бизнисменот Јордан (Орце) Камчев во случајот „Империја“ велејќи дека до тоа дошло и со оглед на тоа што тој имал доверба во неа.

<

Случајот таа го споменува одговарајќи на прашањето: „Подигна обвиненија против најмоќните и најугледните луѓе во Македонија, тоа се и бизнисмени, шефови на тајни служби, високи владини функционери. Дали имаше страв од тоа, ти се закануваше некој, ти испраќаше непристојни понуди?“, при што одговара:

„Македонија е мала држава, се знаевме од порано и со едните и со другите. Како што јас нив ги познавав, ме познаваа и тие мене и знаеја дека и да има непристојни понуди, јас тоа немаше да го прифатам. Имаа доверба во мене. Еве, да речеме, бизнисменот Јордан (Орце) Камчев имаше доверба во мене, постигнавме спогодба. Во државниот буџетот уплати 5 милиони 200 илјади евра на име затајување данок и доби една година ефективен затвор. Досега во Македонија тоа не се случило некој да каже ‘да, јас сум крив, колку треба да платам?’. По експертизата што беше направена во евра беше околу 5,2 милиони евра. Човекот уплати и потпишавме спогодба. Но, не потпишавме спогодба пред да легнат парите“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...