1.9 C
Ohrid
петок, јануари 24, 2025
ПочетнаМакедонијаОсмани: Македонија силно ги поддржува Шведска и Финска за влез во НАТО

Османи: Македонија силно ги поддржува Шведска и Финска за влез во НАТО

spot_img

Северна Македонија силно ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО и аспирацијата на Шведска и Финска за членство во Алијансата, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи пред почетокот на неформалниот министерски состанок на земјите членки на Северноатлантскиот пакт во Берлин.

<

„Имаме теми од суштинско значење и убеден сум дека сите сојузници ќе покажат единство за сите нив, бидејќи тоа е од клучно значење со оглед на менливата безбедносна состојба. Северна Македонија, како најнова членка на НАТО, силно ја поддржува политиката на отворени врати, а со тоа и аспирацијата на Шведска и Финска за членство во Алијансата што претставува важен чекор за севкупната евроатлантска безбедност“, изјави Османи.

Исто така, нагласи Османи, Западниот Балкан ќе биде неизбежен дел од идната европска безбедносна архитектура.

„На тој начин политиката на отворени врати на НАТО и проширувањето на ЕУ како два главни столба на кои таа се потпира, ќе бидат дел од новиот стратешки концепт, смета министерот Османи.

Фокусот на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Берлин е на руската воена инвазија врз Украина и потенцијалните импликации од војната врз сојузниците, како и претстојниот самит на лидерите на Алијансата во Мадрид.

На состанокот се поканети да учествуваат и министрите за надворешни работи на Финска и Шведска, кои ќе информираат за најновиот развој на настаните, придобивките и импликациите врзани со можното идно членство на овие две земји во Алијансата.

На маргините на состанокот Османи вчера имаше билатерални средби со министрите за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ.
Извор:Мкд.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуш-пауза: Катица Јанева сликана пред адвокатска канцеларија

Случаен минувач кој и ја испрати фотографијата на редакцијата на Курир ја овековечи Катица Јанева пред канцеларијата на нејзиниот син. Поранешната специјална обвинителка е...

Денеска четири судења против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Во Основниот суд во Струга почна првото од закажаните за денеска четири судења против градоначалникот Рамиз Мерко – за плочата на општинската зграда, две...

Во Хрватска продавниците празни: Бојкот поради високите цени !!!

Во Хрватска за денеска е најавен бојкот на продавници, малопродажни синџири и бензински пумпи поради постојаното поскапување, врз основа на иницијатива која започна од...

100 дена отчет за работењето на ЈПКД-ДЕБРЦА- 03.09.2024 – 31.12.2024

100 ДЕНА ОТЧЕТ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЈПКД-ДЕБРЦА 03.09.2024 - 31.12.2024 Во период од 100 дена по превземањето на Јавното Претпријатие за комунална дејност Дебрца на...