15.6 C
Ohrid
вторник, јули 29, 2025
ПочетнаМакедонијаПејачот Ламбе Алабаковски викендов правеше крштевка за синот Димитриј.

Пејачот Ламбе Алабаковски викендов правеше крштевка за синот Димитриј.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пејачот Ламбе Алабаковски викендов правеше крштевка за синот Димитриј. Тој на 28 април ќе полни две години. Ламбе на Инстаграм објави семејна слика од крштевката и цитираше дел од Библијата.

<

Димитриј е помалиот син на Ламбе и Магдалена, кои го имаат и седумгодишниот Михаил. Двете деца на Ламбе се родени во Америка, каде што пејачот живееше долго време. Тој и неговата сопруга пред неколку месеци решија од Детроит да се вратат во Битола. Откако си дојдоа дома, Ламбе е постојано активен со настапи, а најави дека наскоро ќе сними и нова песна.

Ова ќе биде прва песна на Ламбе по десетина години, оти уште пред да се пресели во Америка, тој престана да се занимава со музика. Публиката го запозна преку музичкото шоу на М2, „Потрага по ѕвезда“, каде што победи, а негови најголеми хитови се „Море од солзи“, „Бело е сè“, „Кога сонце грее плачам“, „Врати ми го срцето“ и други.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов со убави вести: Куманово ноќва ќе биде зафатено од пороен дожд

Куманово и дел од Крива Паланка ноќва ќе бидат зафатени од пороен дожд, најави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Како што...

Јордан Митев: Тажна слика над моето родно село Подареш

Тажна слика над моето родно село Подареш. Прекрасната планината Готен со надморска височина од 1420 метри која го краси моето село е претворена во...

Кривична пријава против две лица кои му се заканувале на пратеник од Струга

Поднесена кривична пријава против А.К.(35) и Б.К.(33), двајцата од струшкото село Велешта, осомничени за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Како што соопшти Министерството за...

Прав играорец: Али Ахмети заигра оро на свадба во Кичево

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше дел од веселбата на свадба во Кичево, каде што не одолеа на ритамот на зурлите и тапаните. Во...