27.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаСемејство на загинато момче обвинува дека возачот добил ниска казна

Семејство на загинато момче обвинува дека возачот добил ниска казна

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бојан Петровски, брат на загинатиот Оливер кој на 29 јули 2020 година загина во сообраќајна несреќа додека со електричен тротинет одеше на работа е револтиран од пресудата на Основниот суд Битола за изречената казна за возачот на автомобилот кој учествуваше во сообраќајката.

<

-Обвинетиот не признава вина, постапката се влечка скоро 2 година, но судијката решила да ја сподели вината, иако според доказите нема вина брат ми, половина кај покојниот и да го осуди убиецот на срамна пресуда од 18 месeци затвор, 25 годишно момче, тотално невино кое одеше на работа, но заради некој кој возел бесно прерано го заврши животот, рече Бојан Петровски.

Тој вели дека има недоследности во пресудата.

-Сторителот призна дека возел по левата страна, колата на сторителот е оштетена на левата страна, а во пресудата се тврди дека брат ми се движел во моментот на ударот, што нема никаква логика, не треба да сте вештак и експерт да го разберете тоа.

Вели дека тие законски немаат право на жалба.

-Единствено јавниот обвинител и одбраната, ние немаме право на жалба како оштетени. Апелирам до јавното обвинителство да постапуваат согласно законот и етичките принципи, вели Петровски.

Бојан вели дека нема да застане и ќе ја бара правдата, ќе испрати писма до сите јавни судски органи, до народниот правобранител, а ќе организира и мирен протест во сабота како револт кон пресудата. Од страната на обвинетиот не сакаа да коментираат за случајот.

Инаку во пресудата на судот стои дека обвинетиот делото го сторил од небрежност, а како олеснителна околност се зема тоа што обвинетиот е млад човек, кој досега не бил осудуван и против него не се води друга постапка. Пишува и дека оваа казна ќе влијае врз обвинетиот да не врши во иднина други кривични дела и да биде повнимателен учесник во сообраќајот.

Од Основниот суд Битола велат дека пресудата по предметот е јавно објавена. Истата содржи правна поука и правото на жалба е со Устав и закон загарантирано и секоја од странките може да го користи доколку е незадоволна од истата или од целокупното водење на постапката. По однос на прашањето за недоследности на постапката , од Основниот суд велат дека немаат можност да се впуштат во толкување на истите. По тоа прашање ќе одлучува повисокиот суд во постапка по жалба, доколку биде изјавена од страна на странките во постапката.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...