15.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Шерифот Џафери се сретнал со лица од Чеченија, верни следбеници на...

ВМРО-ДПМНЕ: Шерифот Џафери се сретнал со лица од Чеченија, верни следбеници на Путин.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Шерифот од Форино Талат Џафери влегува од скандал во скандал. После примитивизмот и пцуењето на вработени во Собранието, дојде нов скандал за негови врски и средби со лица од Чеченија кои се верни следбеници на Владимир Путин, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

<

-Додека Џафери и владата на СДСМ и ДУИ имаат полна уста за прозападна ориентација, остваруваат контакти со контроверзни ликови блиски до режимот во Кремљ. Талат Џефери на 10.07.2021 година имал средби со Абдул-Вајед Нијазов поранешен пратеник во Думата и основач на здружението “Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин”. Како е возможно ваков лик да остварува средби со високи државни функционери на земја членска на НАТО. Што разговарал Џафери со Чеченците?, прашуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека според информациите во странски медиуми гостите од Чеченија биле во посета на општина Тетово и со тогашните локални власти разговарале за изградба на споменик на Ахмат Кадиров, по кого се нарекуваат и чеченските единици кои сега ги спроведуваат најбруталните акции во Украина.

-Која била мисијата на Чеченците во Македонија? Какви односи имаат овие ликови со Талат Џафери и власта на СДСМ и ДУИ? Зарем и во други земји членки на НАТО вакви лица блиски до КРЕМЉ слободно се шетаат во нивните парламенти и остваруваат средби со функционери? Талат Џафери и власта на СДСМ и ДУИ должат одговори, а претседателот на собранието и лична одговорност. Ова причина плус за негова оставка, се вели во соопштението.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...