16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаТројца британски војници натепале полицаец во Неготино и го демолирале кафулето на...

Тројца британски војници натепале полицаец во Неготино и го демолирале кафулето на градскиот плоштад !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Тројца британски државјани, кои се учесници во воената вежба која периодов се одвива на армискиот полигон Криволак, Неготино, синоќа ги вознемирија граѓаните во центарот на градот со агресивно однесување.

<

Настанот се случи во кафуле на градскиот плоштад, локал кој е омилено збиралиште на тинејџерите од градот, а немилите сцени се одвиваа пред голем број на очевидци.

Како што информираат од СВР Велес за ,,Фокус”, вчера во 22.50 часот британските државјани Џ.Л. (29), Б.С. (24) и Б.Ф. (29), се однесувале агресивно и оштетиле инвентар во угостителски објект во Неготино.

Покрај тоа, Џ.Л. нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

На 20.05.2022 во 22.50 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Џ.Л.(29), Б.С.(24) и Б.Ф.(29), сите од Велика Британија, затоа што се однесувале агресивно и оштетиле инвентар во угостителски објект во Неготино, а Џ.Л. нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – соопштија од СВР Велес.

Граѓани кои беа сведоци на настанот, раскажуваат дека сликите со агресивното однесување на сега веќе приведените лица, кои гласно викаа на плоштадот и дивееа, биле вознемирувачки.

Со три полициски возила истите беа пренесени во полициската станица.

Од почетокот на воената вежба на Криволак, во Неготино беше забележан и друг инцидент, кога ранец падна од воздухоплов и оштети настрешница на семејна куќа.

И тогаш граѓаните реагираа дека поради пропуст на војник, кој бил дел од Мултинационалната вежба, „Вежбовни десантни падобрански скокови од авион”, се предизвика општа опасност врз населението и среќна околност беше што тешкиот ранец не паднал врз некое од децата кои во тој период играле на улица, во непосредна близина каде се случи настанот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...