12.8 C
Ohrid
петок, мај 16, 2025
ПочетнаМакедонијаMашина за производство на кислород e најновата иновација на Димитрија Ангелков

Mашина за производство на кислород e најновата иновација на Димитрија Ангелков

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Машина за призводство на кислород за медицинска и домашна употреба е најновата иновација која ја подготвува Димитрија Ангелков, професор и иноватор од Кавадарци. Тој е годинешниот победник на манифестацијата „Макинова 2020“, со неговата паметна респираторна машина, во категоријата патенти, каде наградите се доделуваат во соработка меѓу Заводот за заштита на индустриска сопственост, Народна Техника и Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања – СПАТУМ. Смарт респираторот е лесна, мала и лесно пренослива машина, изработена претежно од пластични делови, лесна и за одржување и целата може да се стерилизира со помош на гас за стерилизација. Една од најголемите предности на респираторот е што амбу маските, кои медицинскиот персонал ги користи рачно, во него се наоѓаат во комора во која протекува компримиран воздух однадвор. Тој создава притисок и ја пумпа маската и обезбедува кислород за пациентот. Она што е уникатно за овој респиратор и го прави различен од сите слични кои постојат во светот, е што користи погон на компримиран воздух, а не мотори, кои создаваат електромагнетно зрачење што им пречи на многу медицински апарати.

<

Иновацијата е што истиот притисок кој ја турка амбу маската ќе се користи и за производство на кислород.

Но, Ангелков не застанува само на овој изум. Желбата и инспирацијата да иновира не го напуштаат, а особено потребата со своето знаење да помогне во тешките моменти во кои нашиот здравствен систем се бори со пандемијата на Ковид 19. Ангелков по прогласувањето на победниците на „Макинова 2020“ апелираше до сите ентузијасти, иноватори, инженери и техничари да му се придружат и да иновираат машина за производство на кислород.

„Пред извесно време нарачав материјали, ги очекувам да стигнат и веднаш почнувам со конструирање на оваа машина. Секојдневно слушаме дека луѓе во нашите болници се борат за кислород, знаеме дека месечните трошоци за набавка се големи, а ние иноваторите можеме да помогнеме и да ја олесниме оваа борба“, вели Димитрија.

На неговиот апел веќе се јавил еден негов колега, иноватор, кој ги има и потребните дозволи за работа со садови под притисок. Останува да се конструира машината што побрзо и да се обезбедат потребните дозволи за употреба дома и во медицинските установи.

„Машината за производство на кислород е надградба на респираторната машина. Двете заедно можат да ги обезбедат не само болниците туку и сите амбуланти или возила за прва помош со неопходната апаратура, бидејќи цената на чинење им е ниска, а се целосно функционални. Институциите можат само да ни се обратат и ние ќе ги изработиме. Сепак, добро би било и општествено одговорните компании да се вклучат и да помогнат со обезбедување на финансиски средства“, вели Ангелков.


За повеќе детали ТУКА Inovativnost

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Support Kocani објави нови фотографии од изгореници на екстремитети кај младите за да надлежните сфатат колку се сериозни последиците

Граѓанската иницијатива Support Kocani објави вознемирувачки фотографии од тешките изгореници кај младите повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“. На сликите се прикажани изгореници на лице...

Сообраќајна незгода кај Извор-Кичево: Повредени патници во судир на „Голф 5“ и камионче

Сообраќајна незгода кај Извор: Повредени патници во судир на „Голф 5“ и камионче Денеска попладне, на регионалниот пат Кичево – Охрид, во близина на селото...

Гитаристот на ДНК, Горан Тонев: Колку што сум среќен за мојот живот, толку сум и тажен за моите пријатели !!!

Младиот гитарист на ДНК, Горан Тонев покрај Панчо и Ана е третиот член на бендот кој остана жив во пожарот кој ја зафати кочанската...