16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаДедото на Ламбе бил крвнички убиен од страна на Бугарите. (Видео)

Дедото на Ламбе бил крвнички убиен од страна на Бугарите. (Видео)

Немаше никаква потреба од притвор за Ламбе Алабаковски, откако тој ја призна вината, а сите негови животни планови, како што е враќањето на музичката сцена во Македонија и неговиот општествен статус, не навестуваат дека тој би се дал во бегство, вели за Алфа адвокатот на Алабаковски, Драган Георгиев. Порачува дека притворот не е казна, туку мерка за обезбедување присуство, а такви имало уште многу кои можеле да му бидат определени на Алабаковски, за кривичното дело кое му се става на товар.

-Оформено семејство, татко на две малолетни деца досега во својот живот нема никаков прекршок, а камоли кривично дело, што говори дека тој не е криминогена личност. Говори дека можеби во еден на момент на фрустрирање, лично погоден од она што се случува со Македонија воопшто. Ако сакал да избега, ќе избегал веднаш и нема да признае вина, изјави Георгиев за Алфа.

Георгиев се сомнева и во политичка позадина на определениот притвор за Ламбе, но вели не на никакви партиски игри, туку поради општата состојба во државата поради спорот со Бугарија.

-Видете вака дека јавноста, воопшто она што се случува, не би кажал политика како политика ради некоја партија. Поради она што се случува со Бугарија сигурно дека има голем допринос и тоа, изјави Георгиев.

Адвокатот на популарниот пејач вели не го оправдува овој потег, но вели дека мора да се земе во предвид целата ситуација во Македонија поради преговорите и блокадите од Бугарија, како и фактот член на неговото семејство бил убиен токму од Бугарите.

-Неговиот дедо е стрелан од Бугарите, а тој се враќа во Македонија и се отвора културен клуб на еден од најголемите злосторници за македонскиот народ, кој што до пред да умре во Рим не го признаваше македонскиот народ, фрустриран меѓутоа наведнат до доле што би се рекло, очигледно има човекот кичма. Не го оправдувам, ниту тој самиот се оправдува за тоа што го сторил, меѓутоа тоа било негов знак на револт, вели Георгиев.

Георгиев вели дека за кривичното дело предизвикување општа опасност, за кое обвинет Алабаковски, кога ќе се земат сите околности, како и дека нема голема материјална штета, ниту човечки жртви, казната на крајот може да не биде ниту затворска, иако Ламбе најмалку осум дена ќе ги помине во затворски притвор.

Алфа Тв

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...