20.7 C
Ohrid
понеделник, јули 28, 2025
ПочетнаМакедонијаСите што сакаат да учествуваат на парадата ќе бидат заштитени од страна...

Сите што сакаат да учествуваат на парадата ќе бидат заштитени од страна на МВР- Организаторите очекуваат безбеден марш на „Скопје прајд“, исполнет со многу љубов и еднаквост.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Љубовта е единствено нешто што може да го искористиме како алатка да го победиме насилството под кое се изложени разлилчните, дури кога и за другите владее мирот. Затоа што никој не смее да биде лишен од правото да сака или пак да биде прогонуван поради тоа што нивната љубов не е нормирана или под законот.
Па затоа, заради тоа што љубовта мора да победи, повикуваме да излеземе за љубов, истакнаа од Национална мрежа против хомофобија и трансфобија на денешната прес-конференција за претстојниот „Скопје прајд“.

<

Годинашното издание на „Скопје прајд“ ќе се одржи во последната сабота од јуни, на 25-ти, под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.”

Оваа година поради временските услови, собирањето за Прајдот ќе биде во 17 часот во Жена парк, а маршот низ улиците во Скопје ќе започне во 19.30 до Стадионот на АРМ, каде ќе има и музичка програма.

Организаторите очекуваат безбеден марш, бидејќи, како што посочија на прес-конференцијата, оваа година имаат одлична соработка со МВР.

„Повторно ќе има еден безбеден Прајд каде сите што ќе дојдат ќе може да се чувствуваат безбедно и ќе можат да се борат за тоа што мислат дека е важно и да ни се придружат. На Скопје прајд, годинава, како и секоја година, ги славиме сексуалниот и родовиот диверзитет и ја промовираме квир културата“, нагласија од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Додадоа дека преку менханизмите кои како невладини организации ги имаат од претходно, мониторираат на дневно ниво говор на омраза и најавија оти ќе го забележуваат секој говор на омраза и ќе го известуваат Одделението за електронски криминал во МВР, се со цел, како што посочија, заедно со МВР што повеќе да работат на делот од безбедноста кој е најважен, а тоа е превенцијата.

„Очекуваме безбеден Прајд со кој ќе го искажеме нашиот протест, ќе ги истакнеме работите кои ние ги бараме како заедница и на крај да ја прославиме различноста и сето она што не прави убава шарена заедница“, посочија организаторите.

Тие потенцираа дека е очигледна потребата се уште да го развиваат и практикуваат овој концепт на протест и на видливост.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кривична пријава против две лица кои му се заканувале на пратеник од Струга

Поднесена кривична пријава против А.К.(35) и Б.К.(33), двајцата од струшкото село Велешта, осомничени за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Како што соопшти Министерството за...

Прав играорец: Али Ахмети заигра оро на свадба во Кичево

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше дел од веселбата на свадба во Кичево, каде што не одолеа на ритамот на зурлите и тапаните. Во...

Се уште трае потрагата по Теодора, семејството бара поголем ангажман од надлежните институции

Семејството на Теодора Бабарчиќ моли за било каква помош за пронаоѓање на 16-годишна ќерка Теодора Бабарчиќ која во четвртокот попладне исчезна во водите на...

Се судрија мотоцикл и трактор во Штипско: тешко повреден 15-годишник

Вчера околу 09.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Радање, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван...