21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонија''Нобеловецот'' Зоран Заев се пофали: Денес преку мојата фондација испративме 20 тони...

”Нобеловецот” Зоран Заев се пофали: Денес преку мојата фондација испративме 20 тони производи хуманитарна помош во Украина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Преку Фондацијата „Заев – Едно општество за сите” испративме 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина, напиша поранешниот премиер Зоран Заев.

<

Заев информираше дека помошта до Украина е доставена со помош на пратеник во украинскиот Парламент и веќе пристигнала во Одеса.

„Помошта ја доставивме во координација со Горениук Олександр, пратеник во Парламентот на Украина. Помошта пристигна во Одеса, стратешка позиција на демократска Украина, но и град од каде нашиот Крсте Петков Мисирков дејствуваше за македонските работи. Нека биде оваа помош придонес кон заштитата на украинското население кое е под воената агресија од страна на Русија. Поддршката на независноста и суверенитетот на Украина и осудата на руската воена инвазија е наша јасна позиција како припадници на западниот, демократски и мирољубив свет“,

се додава во објавата на Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...