16.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаДоколку и ова лето има големи пожари можеме само да се помолиме...

Доколку и ова лето има големи пожари можеме само да се помолиме на господ да ни прати дожд: Авионите за кои Заев лани вети дека ќе се направат за 10 дена, стојат несервисирани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Доколку и ова лето има големи пожари можеме само да се помолиме на господ да ни прати дожд. Власта не ја научи лекцијата од лани кога беснееја пожари и кога моравме да викаме помош од неколку земји кои дојдоа со опремени пожарникари, авиони и хеликоптери.

<

Оваа година сезоната на пожари ја дочекуваме целосно неподговени. Од трите авиони наречени „Ер трактор“ набавени од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ во функција е само еден. Останатите два се расипани.

Поранешниот премиер Зоран Заев лани во август кога имаше големи пожари во Кочани и Берово вети дека тие ќе бидат сервисирани за десет дена“.Оттогаш помина една година но авионите не се поправени.

Тоа го потврди и директорот на Центарот за управување за кризи Стојанче Ангелов кој вели дека први се што е во негова моќ да бидат подготвени доколку има пожари.

Премиерот Заев даде наредба но состојбата беше толку компикувана што авионите и до ден денеска не се направени.Еден е вратен сервисиран, вториот е на сервис и треба да се врати во секој момент а третиот се уште не е испратен-објасни Ангелов во емисијата „Заспиј ако можеш“ на „Алфа“.

За волја на вистината Ангелов и ЦУК не се надлежни за авионите туку тоа е надлежност на Дирекцијата за зашитита и спасување која една година не направи напор колку толку да бидеме подготвени за претстојните пожари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Адвокатот Шајн го извади Раста – патната исправа веднаш вратена !!

Српскиот рапер Раста, кој беше приведен во Охрид за време на концертот на Џејсон Деруло, е ослободен и си заминува за Белград – дознава...

Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од...

Охриѓани спасија турист од давење кај Градиште.

Во близина на плажата Градиште, странски турист бил спасен од давење благодарение на брзата реакција на група охриѓани кои се наоѓале на глисер и...

22 годишен полицаец од Виница, се самоповредил со службениот пиштол во апартман во Охрид

Како што информира СВР Охрид, инцидентот се случил вчера во 12:22 часот. Имено, 22-годишен полициски службеник од Виница, кој бил сместен во апартман во една...